Џо Арибо
фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џозеф Олувасеји Темитопе Ајоделе-Арибо (роден на 21 јули 1996 во Камбервел), на скратено познат како Џо Арибо — нигериски фудбалер, играч од средниот ред на Саутхемптон и на нигеријската репрезентација. Иако е роден и израснал во околината на Лондон, Англија, поради нигериското потекло се одлучил репрезентативно да ја претставува оваа африканска земја.
Џо Арибо | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име |
Џозеф Олувасеји Темитопе Ајоделе-Арибо | ||
Роден на | 21 јули 1996(1996-07-21) (27 г.) | ||
Роден во | Камбервел, Англија | ||
Држава | Нигерија | ||
Висина | &100000000000001830000001,83 м | ||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Саутхемптон | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
Стејнс Таун | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014-2015 | Стејнс Таун | 22 | (0) |
2015-2019 | Чарлтон | 81 | (14) |
2019-2022 | Ренџерс | 92 | (18) |
2022- | Саутхемптон | 6 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2019- | Нигерија | 20 | (2) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 11 август 2022 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11 август 2022 |
Својата клупска кариера ја започнал во полупрофесионалниот клуб Стејнс Таун за потоа да помине четири години со Чарлтон Атлетик во фудбалската лига. Во 2019 година потпишал за шкотскиот гигант Ренџерс, каде што го освои шкотското првенство во 2021 година и Купот на Шкотска една година подоцна. Во летото 2022 година, потпишал за Саутхемптон.
Својот дебитантски настап за Нигерија го направил во 2019 година. Бил во составот на репрезентација на Африканскиот куп на нации 2021.