![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a2/GeorgeEPBox.jpg/640px-GeorgeEPBox.jpg&w=640&q=50)
Џорџ Бокс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџ Едвард Пелхам Бокс (George Edward Pelham Box) (18 октомври 1919 - 28 март 2013 г.) — британско-американски статистичар, кој работел во областа на контролата на квалитетот, дизајнот на експериментите и анализата на временските низи.
Неговото име е поврзано со некои значајно резултати во статистиката, како на пример: Бокс-Џенкинс модели, Бокс-Кокс трансформации, Бокс-Бехнкен дизајни, и други. Неговите најпознати дела се: „Бајесово заклучување во статистичката анализа“ (1973 г., со Џорџ К. Тиао), „Анализа на временски низи: Предвидување и контрола“ (4 издание 2008 г., со Гвилум Џенкинс и Грегори К. Раинсел) и „Статистика за експериментатори“ (2 издание 2005 г.).
Главните области во кои Бокс дал придонес се: статичко изведување, робусност и стратегија за моделирање; експериментален дизајн и одговорно површинска методологија; анализи на временски низи и предвидување: распределбена теорија, трансформација на променливи и нелинеарни процени и статистички апликации. Неговото име е поврзано со многу идеи во статистиката како што се: пристапот на Бокс-Џенкинс, модлеите на Бокс-Џенкинс и Бокс-Бенкеновиот дизајн. Тој, исто така, ја претставил важната идеја на „робустност“ во статистиката во 1953 г. и дал многу прецизна дефиниција, објавенво еден весник во 1955 година: „Статистичките критериуми би требало да се чувствителни за да се сменат специфичните фактори кои се испробани, биди несензитивен кон промените, на големина која веројатно ќе се случи во пракса, во ирелевантни фактори, а во неговата книга за одговорна површинска методологија со Норман Р. Драпер напишал дека: „суштински, сите модели се погрешни, но некои се корисни“.[1]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a2/GeorgeEPBox.jpg/640px-GeorgeEPBox.jpg)