Џовани Пико дела Мирандола
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џовани Пико дела Мирандола (24 февруари 1463 г. -17 ноември 1494) бил италијански ренесансен благородник и филозоф.[1] Тој е познат по настаните од 1486 година, кога на 23-годишна возраст предложил да брани 900 тези за религија, филозофија, природна филозофија и магија против сите дојденци, заради тоа ја напишал Орацијата за достоинството на човекот, која е наречен „Манифест на ренесансата“,[2] и клучен текст од ренесансниот хуманизам којшто го нарекуваат „Херметичка реформација“.[3] Тој бил основач на традицијата на христијанската кабала, клучен принцип на раниот модерен западен езотеризам. 900 тези била првата печатена книга која била универзално забранета од црквата.[4] Пико понекогаш се смета за прото-протестант, бидејќи неговите 900 тези предвидуваат многу протестантски ставови.[5]