Џилијан Андерсон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џилијан Андерсон (9 август 1968)[1][2] е американска глумица, позната по улогата во серијата Досиеја икс. Родена е во Чикаго, а пораснала во Лондон и Гранд Рапидс, Мичиген. Таа завршила театарско училиште на Универзитетот ДеПол во Чикаго, а потоа се преселила во Њујорк за да ја продолжи својата глумечка кариера. Откако ја започнала нејзината кариера на сцената, Андерсон добила меѓународно признание за нејзината улога како специјален агент на ФБИ, Дана Скали, во американската научно-фантастична драмска серија Досиеја икс. Нејзината филмска работа вклучувала доста драми: „Моќниот Келт“ (2005), “Последниот крал на Шкотска“(2006), „Танцувач во сенка“ (2012), „Куќата на вицекралот“ (2017) и два Досиеја икс филмови: Досиеја икс: „Борба против иднината“(1998 ) и „Сакам да верувам“ (2008). Други значајни телевизиски улоги на Андерсон се : Лејди Дедлок во „Мрачна Куќа“ (2005), Волис Симпсон во „Секое човечко срце “(2010), Мис Хавишам во „Големи очекувања“ (2011), д-р Беделија Ду Мауриер на „Ханибал“ (2013–2015) и медиуми на „Американски богови“ (2017). Во 2019 година, Андерсон започнала да ја глуми Џин Милбурн во комедија-драмата „Сексуално образование“ на Нетфликс.
Настрана од филмот и телевизијата, Андерсон се искачила на сцената и добила многу награди и критички признанија. Нејзината работа на сцената ги вклучува наградите: „Отсутни пријатели“ (1991), за што ја освоила Светската награда за театар за најдобар новодојденец; „Куќа на куклите'“(2009), за која била номинирана за наградата Лоренс Оливие и портрет на Бланш Дубоис во „Трамвај наречен желба“ (2014, 2016), освојувајќи ја наградата „Вечерен Стандард“ за најдобра глумица и добивање на втората Лоренс Оливие номинација за награда за најдобра глумица. Во 2019 година, таа ја глумела Марго Чанинг во сценската продукција на „Сè за Ева“ за која ја добила и трета номинација за Лоренс Оливие. Андерсон е ко-писател на романот трилогија „Земјата сага “ и книгата за водич за самопомош НИЕ: „Манифест за жени насекаде“.
Андерсон била активна во поддршката на многубројни добротворни и хуманитарки организации. Таа е била портпарол на мрежата на неврофиброматоза и ко-основач на јужноафриканската младинска едукација за одржливост (SAYes). Андерсон била назначена за Офицер на Најдобриот ред на Британската Империја (ОБЕ) во 2016 година за нејзините услуги во драмата.