Џејн Остин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејн Остин (англиски: Jane Austen; родена на 16 декември 1775 – починала на 18 јули 1817 ) — англиски романописец, чиј реализам, остри коментари за општеството и одличната употреба на слободниот индиректен говор, пародијата и иронијата и го овозможиле местото на најчитаната и најсаканата писателка во англиската книжевност.[1]
Џејн Остин Jane Austen | |
---|---|
Роден/а | 16 декември 1775(1775-12-16) Стивентон, Хемпшир |
Починат/а | 18 јули 1817(1817-07-18) (возр. 41) Винчестер, Хемпшир |
Почивалиште | Винчестерска катедрала |
Период | 1787 до 1809-1811 |
Жанр | романсиер |
Значајни дела | „Гордост и предрасуди“ „Разум и чувства“ |
Потпис | |
Портал: „Книжевност“ |
Остин целиот свој живот го мнинала како дел од мало и блиско семејство сместено во пониските класи на англиското ситно благородништво[2]. Првенствено таа била образувана од страна на нејзиниот татко и постар брат, како и преку нејзиното самостално читање. Безрезервната поддршка од страна на нејзиното семејство била важна при развивањето на Остин како професионален писател.[3] Уметничкото надоградување на Остин траело од адолесцентските години па сè до нејзината триесет и петта година. Во овој период, таа експериментирала со различни книжевни форми, вклучувајќи го и епистоларниот роман кој таа прво го пробала, но подоцна го напуштила и напишала и значително преработила три големи романи и почнала четврт. Од 1811 па сè до 1816 година, со издавањето на „Разум и чувства“ (1811), „Гордост и предрасуди“ (1813), „Паркот Менсфилд“ (1814) и „Ема“ (1816), таа постигнала успех како писател кој бил издаван. Таа дополнително напишала два романи, „Опатијата Нортангер“ и „Убедување“, кои биле посмртно издадени во 1818 година и го започнала третиот, кој на крајот го добил името „Сандитон“, но починала пред да успее да го заврши истиот.
Делата на Остин го критикуваат романот на чувствата од втората половина на XVIII век и се дел од преминот кон реализмот на XIX век. Делата на Остин, иако главно комично, ја нагласуваат зависноста на жената од бракот за да обезбеди положба во општеството и економска безбедност. Како и оние на Семјуел Џонсон, едно од најсилните влијанија во нејзиното творештво, нејзините дела се однесуват на моралните прашања.
За време на животот на Остин, бидејќи таа одлучила да ги издава анонимно, нејзините дела ѝ донеле малку лична слава и само неколку позитивни критики. Во средината на XIX век[4], на нејзините романи и се восхитувале само членовите на книжевната елита. Сепак, издавањето на „Мемоарите на Џејн Остин“ од страна на нејзиниот внук во 1869 година ја претставила на пошироката јавност како привлечна личност и го поттикнало јавниот интерес за нејзините дела. До 1940-тите години, Остин била нашироко прифатена во академијата како „голем англиски писател“. Втората половина на XX век забележала распространување на научното интересирање за Остин, кое истражувало многу аспекти на нејзините романи: уметнички, идеолошки и историски. Во популарната култура, се развивала култура на обожавателите на Џејн, фокусирана на животот на Остин, нејзините дела и различните филмски и телевизиски адаптации.