From Wikipedia, the free encyclopedia
Ли Лиенџе (роден на 26 април 1963 во Пекинг), подобро познат по неговото уметничко име Џет Ли — кинески филмски глумец, филмски продуцент, стучњак по боречки вештини и првак во вушу со сингапурско државјанство.[1]
По тригодишна интензивна обука со Ву Бин, Ли за првпат го освоил државното првенство во вушу во Пекинг. По пензионирањето од вушу, на возраст од 19 години, тој отишол да се прослави во Кина почнувајќи со филмот Храмот на шаолините(Shaolin Temple), 1982 година. Тој продолжил да глуми во многу филмови за боречки вештини, особено во Еднаш, многу одамна во Кина(Once Upon A Time In China) во кој игра улога на народниот херој Вонг Фејухнг.
Првата улога на Ли во холивудски филм била како криминалец во Смртоносно оружје 4 (Lethal Weapon 4), 1998 година, но неговата прва холивудска главна улога била во Ромео мора да умре (Romeo Must Die), во 2000 година. Започнал да глуми во многу холивудски акциони филмови, вклучувајќи ги Бакнежот на змејот (Kiss of the Dragon) и Верниот Дени,(Unleashed, Danny the dog). Тој ја имал главната улога во Забранетото кралство (The Forbidden Kingdom) (2008) заедно со Џеки Чен, Платеници (The Expendables) (2010) со Силвестер Сталоне, и како главен негативец во Мумија: Гробницата на змејскиот император (The Mummy: Tomb Of The Dragon Emperor) (2008), наспроти Брендан Фрејзер. Исто така глумел и во Хонгконгшкиот филм Небесен океан (Ocean Heaven) (2010), режиран и напишан од Сјуе Сјаолу.
Ли е роден во Пекинг, и е најмладиот член во семејството, покрај неговиот брат и двете сестри. Неговиот татко починал кога тој имал само две години, оставајќи го семејството да се бори за опстанок.[2]
За време на летен курс во училиште, на осум годишна возраст бил откриен неговиот талент за вушу, каде и започнал да вежба, но не се борел.[3] Бил дел од Вушу тимот во Пекинг, спортска група која демонстрирала боречки кати за време на Секинеските игри. Негови тренери биле Ли Џуенфенг и Ву Бин,[4] кои многу му помогнале на талентираното момче. Ву Бин дури купувал и храна за семејството на Ли, бидејќи тие немале пари да купуваат месо, кое е многу важно за добра физичка состојба на еден спортист.[4] Како член на тимот, тој освоил петнаесет златни, и еден сребрен медал на вушу првенства во Кина, каде што се борел и со возрасни.[5]
Мојата прва победа беше прилично возбудлива, бидејќи бев многу млад, имав 12 години, а другите двајца медалисти имаа дваесетина години.За време на свеченоста на доделување награди, иако стоев на највисоката скала, бев понизок од медалистите кои земаа второ и трето место. Сигурен сум дека глетката била неверојатна.
Според Ли, еднаш, кога бил дете, Националниот вушу тим на Кина отишол во Соединетите држави на демонстрации за Претседателот Ричард Никсон, и самиот претседател го замолил да му биде личен телохранител. На тоа Ли одговорил, "Не сакам да заштитувам поединци. Кога ќе пораснам сакам да ги бранам моите сонародници."[7]
Ли владее неколку стилови на вушу, особено чангчуен (северен стил на долга тупаница) и фанцечуен (вртена тупаница). Проучувал и други вештини како што е багуаџанг (осумтриграмска дланка), Taijiquan (завршна тупаница), сјингјичуен (целна/намерна тупаница), цуејчуен (непрецизна/пијана тупаница), јингџаочуен (тупаница орелска канџа), и танглангчуен (тупаница богомолка). Не научил нанчуен (јужна тупаница) бидејќи неговите тренинзи биле насочени само кон шаолински стилови. Исто така научил да ракува со некои од главните вушу оружја, како што е санџегун (прачка со три сечила), гун (стап), дао (широк меч), џен (прав меч) и многу други.[8] Со неговото мајсторство во боречките вештини достигнал меѓународна слава.[9]
Благодарение на неговите спортски достигнувања тој започнал кариера и како филмска ѕвезда глумејќи во филмови со боречки вештини, најпрво во Кина, а потоа во Хонгконг. Ли го добил своето уметничко име во 1982 година на Филипините, бидејќи рекламната компанија сметала дека неговото вистинско име многу тешко се изговара. Тие ја споредиле неговата кариера со авион, кој исто толку брзо "полетува", па го поставиле името Џет Ли на филмските плакати. Наскоро сите почнале да го викаат така, што всушност се заснова на неговиот прекар од младоста "Џет", што се должи на неговата брзина и грациозност на тренинзите на вушу тимот од Пекинг. Во 1982 година тој постигнал слава со деби филмот Храмот на Шаолините (Shaolin Temple). Негови попознати кинески филмови се:
Филмот Fong Sai Yuk за уште еден кинески народен херој Ли глумел и во филмот Одмазда (High Risk), како разочаран капетан по убиството на неговата сопруга. Во 2011 година биле промовирани два играни филмови во кои Ли глумел боречки херој, Магионичарот и белата змија (The Sorcerer And The White Snake) и Летечките мечеви од Портата на Змејовите (Flying Swords of Dragon Gate), режиран од Цуи Харк Tsui Hark. Во 2012 година, Џет Ли глумел во филм насловен како Таи Чи (Tai Chi) со цел да ја промовира древната кинеската боречка вештина таи чи, и бил помошник продуцент, покрај главниот продуцент Чен Куо-Фу (Chen Kuo-Fu). Ли ќе игра во улога на таи чи мастерот Јанг Лу-чан Yahg Lu-chan.[10][11]
Во 1998 година, во Американскиот деби филм Смртоносно оружје 4 (Lethal Weapon 4) тој за првпат играл во улога на негативец. Се согласил да глуми во филмот Смртоносно оружје 4 откако режисерот Џоел Силвер му ветил главна улога во најпродаваниот филм Ромео мора да умре (Romeo Must Die), 2000 година, заедно со сега покојната пејачка Алија Aaliyah. Џет Ли одбил да глуми во филмот Притаен тигар, скриен змеј (Crouching Tiger, Hidden Dragon), 2000 година, бидеќи и ветил на сопругата дека нема да снима за време на нејзината бременост.[12]
Тој исто така ја одбил улогата на Сераф Серафимот во трилогијата Матрица (Matrix), со образложение дека не е компетентен за таа улога, и дека филмовите се фантастични и без неговo присуство.
Во 2001 година тој се појавил во два холивудски филмови: Единствениот (The One), каде за првпат глумел со Џејсон Статам (Jason Statham) и еден од најгледаните филмови [[Бакнежот на змејот“(Kiss of Dragon) наспроти глумицата Бриџит Фонда (Bridget Fonda). Во јули 2001 година, Ли се согласил да глуми во акционен филм со Џеки Чен, кој наместо во 2002 или 2003, за првпат бил прикажан дури во 2006 година. Во 2002 година бил прикажан херојскиот филм со боречки вештини Херој(Hero). Филмот постигнал голем успех и најголема заработувачка во историјата на кинескиот филм во тоа време.[13] Во 2003 година режисерот Џоел Силвер му предложил улога во акциониот филм Од колевка до гроб (Cradle 2 the Grave), заедно со раперот ДМХ (DMX) и неговиот колега Марк Дакаскос. Во 2004 година е снимена видео игра Џет Ли:„Rise to Honor. Во 2005 година, Ли имал интересна улога во филмот Верниот Дени (Unleashed, Danny the Dog), заедно со Боб Хоскинс и Морган Фримен, во улога на возрасен, кој се однесува како дете израснато како животно. Филмот е мрачен, но со подлабока содржина од сите негови филмови. Во 2006 година бил промовиран херојскиот филм Бестрашниот(Fearless), неговиот последен филм со вушу. Во Бестрашниот тој глуми во улога на Huo Yuanjia, основачот на Спортската Асоцијација Чин Ву (Chin Woo), кој наводно јавно поразил многу јапонски боксери и боречки уметници во време кога Кина била немоќна.
Исто како во Тупаница на легендата тој игра во улога на Чен Јун (Chen Jun), одмаздникот на Huo yuanjia (Фок Јун Гап), како и самиот Huo Juanjua. Филмот Бестрашниот бил промовиран на 26 јануари 2006 година во Хонгконг, а на 22 септември истата година бил промовиран во Соединетите држави каде што уште во првата недела се искачил на второто место.
Почнав да снимам филмови со боречки вештини кога имав само 16 години. "Мислам дека ја докажав мојата способност во оваа област и нема потреба да продолжам уште пет или десет години. Со улогата на Huo Yuanjia ја завршувам мојата кариера како глумец во херојски филмови со боречки вештини" -изјавил Ли[14]
На едно интервју за весникот Shenzhen Daily, Ли изјавил дека филмот „Бестрашниот“ ќе биде неговиот последен херојски филм со боречки вештини, што всушност го изјавил и на самата промоција на филмот. Сепак, тој планирал да ја продолжи својата глумечка кариера во други жанрови. Поточно, тој планирал да продолжи да глуми во акциони филмови и филмови со боречки вештини; херојските филмови повеќе се занимаваат со верска и филозофска тематика.
Во август 2007 година бил промовиран холивудскиот филм Војна (War), во кој глумел заедно со неговиот колега од филмот Единствениот, Џејсон Статхам (Jason Statham), и акциониот кореограф Кори Јуен (Corey Yuen). Овој филм е еден од неговите најмалку продавани филмови во Америка , со заработувачка од разочарувачки 23 милиони американски долари. Сепак, овој филм бил телевизиски хит, собирајќи приближно 52 милиони американски долари, што е двојно повеќе од неговата заработувачка во кино салите.[15]
Со исклучок на Ромео мора да умре (Romeo Must Die) и промоцијата на филмот Херој и Бестрашниот ширум светот, повеќето американски филмови на Џет Ли се помалку познати, како што се Бакнежот на змејот (Kiss of the Dragon), Единствениот (The One), Верниот Дени (Unleashed,Danny the Dog), Од колевка до гроб (Cradle to the Grave) и други.
Тој многу добро го контролира секој удар со рака и нога. Во минатото, тој користеше многу сила, па оние кои добиваа удари се жалеа на силни повреди. Тој е прототип за сила. […] Да, тој е сè уште најдобар.
Во 2007 година, Ли повторно се вратил во Кина за да глуми во Кинеско-Хонгконшката преработката на воениот филм Господарите на војната (The War Lords) со Енди Ло (Andy Lau) и Такеши Канеширо (Takeshi Kaneshiro).Со овој филм, фокусирајќи се повеќе на театралноста отколку на боречките вештини, Ли бил прогласен за најдобар глумец на Хонгконгшките филмски награди. Ли и неговиот колега Џеки Чен за првпат се појавиле заедно во филмот Забранетото Кралство (The Forbidden Kingdom), кој започнал со снимање во мај 2007 година, а бил прикажан на 18 април 2008 година. Филмот се темели на легендата од Кралот мајмун (Monkey King) од кинеската фолк новела Патување на Запад (Journey to the West).[17][18] Ли исто така имал главна улога како негативец во акциониот филм Мумија:Гробницата на змејскиот император (The Mummy:Tomb of the Dragon Emperor) со глумците Брендан Фрејзер (Brendan Fraser), Изабела Леонг (Isabella Leong) и Мишел Јео (Michelle Yeoh).[19]
По едногодишна пауза од снимање, во 2009 година Џет Ли и се вратил да глумата, глумејќи платеник во филмот Платеници (The Expendables), заедно со акционите ѕвезди Силвестер Сталоне, Џејсон Статхам, Долф Лундгрен, Мики Рурк , Ерик Робертс, Стив Остин, Тери Круз и Ренди Коутур.Тоа било третпат како глумел заедно со Статхам.
Ли практикува Тибетски Будизам.[20] Неговиот учител е Ло Кунсанг Lho Kunsang[21] од школата Дрикунг Кагју Drikung Kagyu.[22]
Во 1987 Џет Ли се оженил со Хуанг Киујан (Huang Qiuyan), член на Вушу тимот во Пекинг и негова колешка од филмот Децата на Шаолините (Kids from Shaolin),[23] со која има две ќерки, Си и Таими.[24] Се развеле во 1990 година. Од 1999 година тој е во брак со глумицата Нина Ли Чи (родена Ли Жи), од Шангај, која живее во Хонгконг. И со неа има две ќерки, Џејн (родена во 2000 година) и Џада (родена во 2002 година).[25]
Во 2004 година, тој бил на одмор на Малдивите заедно со своите ќерки, кога надошло цунами. Иако на вести изјавиле дека настрадал во несреќата,[26] за среќа поминал само со мала повреда на стапалото додека ги спасувал неговата четиригодишна ќерка Џејн, дадилката и едногодишната ќерка Џада. Тие биле покрај базенот, блиску до плажата кога надошле големи бранови.[27]
Во 2009 година Ли се откажал од Американското државјанство, па бил само Сингапурски државјанин, иако тоа не било официјално потврдено од властите во Сингапур. На 28 јули 2009 година претседателот на Еднa Фондација (One Fondation), (фондот за добротворни цели на Џет Ли) изјавил дека Џет Ли навистина добил Сингапурско државјанство, а се одлучил за тоа поради тоа што има добар образовен систем за неговите ќерки.
In 2009, Li, who previously had U.S. citizenship after years working in the United States, renounced his U.S. citizenship.[1][28] He was thought to have taken up Singaporean citizenship, although Singaporean authorities did not initially provide any confirmation of this.[29] On July 28, 2009, the chairman of One Foundation (the Charity fund of Jet Li) announced that Jet Li had indeed become a Singaporean citizen.[1] He was said to have chosen Singapore for its education system for his two daughters.[1]
Во 2009 година, Ли промовирал сопствена фитнес програма „Вуџи“ (Wuji),[30] која претставува спој од боречки вештини, јога и пилатес: Спортската компанија Адидас дизајнирала специјална линија на облека со иницијалите на Џет Ли ("JL").[31][32]
Во слободно време тој сака да игра бадминтон, пинг-понг, одбојка, да вози велосипед, да чита и да медитира. Тој собира ретки тибетски монистри. Вели дека секогаш има со што да се занимава во слободно време.[33][34]
Јас никогаш не велам дека сум најдобриот борец во светот. Ако некој учи боречки вештини само за да се тепа на улица, да се потпре на тоа како одбранбено оружје во расправии, да го користи за да ги заплашува другите – тогаш, според мене таа личност не може да се смета за вистински боречки уметник.
Ли како Будист верува дека тешкотиите на секојдневниот живот може да се надминат со помош на верските учења.[36] Тој смета дека славата не е нешто што може да се управува, па нема потреба да се преоптеретуваме со нејзино постигнување.[37]
Според Ли, сè што отсекогаш сакал да му докаже на светот може да се најде во три од неговите филмови: пораката на Херојот е дека страдањето на едно лице не може да се спореди со страдањето на цела нација; Верниот Дени покажува дека насилството никогаш не е решение и пораката во филмот Бестрашниот е дека најголем непријател на човекот е самиот тој. Ли смета дека најголемо оружје е насмевката, а најголема моќ е љубовта.[38]
За Вушу тој верува дека суштината на боречките вештини не е во силата или брзината, туку во внатрешната хармонија и смета дека е жално што денешните вушу првенства стават поголем акцент на формата отколку на суштината да се биде боречки уметник. Смета дека денешното вушу има недостиг од индивидуалност и натпреварувачите се движат пребрзо, а според неговите ставови вушу не треба да се смета за трка во која ќе победи најбрзиот спортист. Тој би сакал вушу да е еден вид уметност, чи следбеници имаат посебен стил. Според него новите правила на натпреварување ги ограничуваат боречките уметници.[39]
Џет Ли верува дека вушу не е првенствено за самоодбрана и наместо да се обидуваат да глумат херои, луѓето треба да наоѓаат мирољубив начин на решавање на проблеми и ако е потребно да повикаат полиција: "Пиштолот во дел од секунда надминува долгогодишна обука во боречки вештини. Како што споменав претходно, треба да се прави разлика помеѓу филмовите и реалноста. Јунакот од филмовите може да го разоружа противникот и да се спаси, но во реалноста тоа не е така едноставно."[40] Исто така изјавил дека никогаш не ги употребил своите вештини во реалноста, ниту посакува.[35]
Од јануари 2006 година Ли е "филантропски амбасадор" на Здружението Црвен крст во Кина. Тој донирал 500.000 јуани (62.500 американски долари) од заработката на неговиот филм Бестрашниот за психолошкиот проект Светлина на Црвениот крст, кој го поттикнува менталното здравје.[41]
Во април 2007 година, потресен од настанот на Малдивите од 2004 година, кога за малку ќе го загубел животот, Ли основал своја непрофитна фондација Една Фондација.[42][43] Таа е меѓународна фондација која заедно со Црвен крст и многу други помага во случај на катастрофални незгоди, вклучувајќи пречки во менталното здравје и спречување обид за самоубиство. Уште од самиот почеток Ли започнал да ги надоместува штетите од земјотресот во Сечуан во 2008г., и Тајфунот Моракот во Тајван.[44] Ву Јинг Wu Jing) доброволно помогнал во работата на фондацијата.[45] Во декември 2009 година, на интервју за списанието Alliance изјавил дека обичните невладини организации можат да и помогнат на Владата, а владината помош не секогаш е правилно насочена. Невладините организации не можат да помогнат колку и владините, но треба да бидат приспособливи и независни.[46]
Во септември 2010 година, Меѓународниот Црвен Крст го назначил Џет Ли за прв доброволен Амбасадор. Истиот ден Џет Ли на интернет објавил "Денес потпишав договор со Меѓународната федерација на здруженијата Црвен крст и Црвена полумесечина, и сум првиот доброволен амбасадор во историјата на оваа хуманитарна организација. Почестен сум! Но нема да прославувам, ќе продолжам да се борам и ќе дадам се од себе да му помогнам на светот! Уште еднаш ви благодарам за вашата поддршка и доверба!".[47]
Исто така изјавил дека ќе се состане со Бил Гејтс и Ворен Бафет за добротворна цел.[48] "Пред три дена добив електронска пошта од Гејтс, во која ме поканува на кратка средба за да разговараме за иднината со која се соочуваме како човечки суштества, па ќе одам,"-рекол Ли.[49]
Земајќи ги предвид статистиките од билетарите во киносалите во Соединетите Држави, најуспешен филм на Џет Ли е Смртоносно оружје 4, кој заработил над 130 милиони американски долари само во рамките на земјата.[50] На второ место се наоѓа филмот Платеници со заработувачка од над 103 милиони американски долари. [50] Херој е неговиот трет најуспешен странски филм во Соединетите држави, [51] и еден од најпозитивно критикуваните филмови на Џет Ли.[52] Бестрашниот е шести најуспешен странски филм на сите времиња во Соединетите држави.[51] Од критичка гледна точка, за најдобар филм на Џет Ли се смета Легендарна тупаница, а најлош е Војна.[52]
Година | македонско име | оригинално име | улога | |
1982. | Храмот на Шаолините | -{Shaolin Temple}- | Чуех Јуан | |
1983. | Храмот на Шаолините 2: Децата Шаолини | -{Shaolin Temple 2: Kids From Shaolin}- | Сан Лунг | |
1986. | Храмот на Шаолините 3: Боречките вештини на Шаолините | -{Shaolin Temple 3: Martial Arts Of Shaolin}- | Це Минг | |
1986. | Роден за одбрана | -{Born To Defence}- | Џет | режисер |
1989. | Борба на змјови | -{Dragon Fight}- | Џими Ли | |
1989. | Учителот | -{The Master}- | Џет | |
1991. | Еднаш, многу одамна во Кина | -{Once Upon A Time In China}- | Вонг Феи Хонг | |
1992. | Еднаш, многу одамна во Кина | -{Once Upon A Time In China 2}- | Вонг Феи Хонг | |
1992. | Мечувач 2 | -{Swordsman 2}- | Линг Ву Чанг | |
1993. | Еднаш, многу одамна во Кина 3 | -{Once Upon A Time In China 3}- | Вонг Феи Хонг | |
1993. | Последниот херој во Кина | -{Last Hero In China}- | Вонг Феи Хонг | продуцент |
1993. | Култниот господар на Кунг фу | -{Kung Fu Cult Master}- | Чанг Мо-Кеи / Зенг Вуђи | продуцент |
1993. | Воени близанци | -{Twin Warriors (Tai Chi Master)}- | Зенг Санфенг | продуцент |
1993. | Легенда | -{The Legend}- | Фонг Саи-јук | продуцент |
1993. | Легендата 2 | -{The Legend 2}- | Фонг Саи-јук | продуцент |
1994. | Легендата за Црвениот Змеј | -{Legend Of The Red Dragon (The New Legend Of Shaolin)}- | Ханг Хеи-Кван | продуцент |
1994. | Легендарна тупаница | -{Fist Of Legend}- | Чен Зен | продуцент |
1994. | Телохранителот од Пекинг | -{The Bodyguard From Beijing (The Defender)}- | Алан Хуи Ќинг-Јунг / Џон Ченг | продуцент |
1995. | Одмазда | -{High Risk (Meltdown)}- | Кит Ли | |
1995. | Мојот татко е херој | -{My Father Is A Hero}- | Кунг Веи | |
1996. | Доктор Ваи во "Писмо без зборови" | -{Dr. Wai In "The Scripture With No Words"}- | Чоу Си Кит | |
1996. | Црна маска | -{Black Mask}- | Мајкл / Сајмон / Цуи Чик / Црна Маска | |
1997. | Еднаш, многу одамна во Кина и Америка 6 | -{Once Upon A Time In China 6 (Once Upon A Time In China And America)}- | Вонг Феи Хонг | |
1998. | Платен убиец | -{Hitman (Contract Killer)}- | Фу | |
1998. | Смртоносно оружје 4 | -{Lethal Weapon 4}- | Ва Синг Ку | |
2000. | Ромео мора да умре | -{Romeo Must Die}- | Хан Синг | |
2001. | Бакнежот на змејот | -{Kiss Of The Dragon}- | Лиу Јиан | извршен продуцент |
2001. | Единствениот | -{The One}- | Гејб Ло / Габријел Јуло / Незаконски | |
2002. | Херој | -{Hero}- | Безимени | |
2003. | Од колевка до гроб | -{Cradle 2 The Grave}- | Су | |
2005. | Верниот Дени | -{Unleashed (Danny The Dog)}- | Дени | продуцент |
2006. | Бестрашниот | -{Fearless}- | Хуо Јуанјиа | продуцент |
2007. | Господари на војната | -{The Warlords}- | генерал Пенг Кинг Јун | |
2007. | Војна | -{War}- | Лопов / Виктор Шо | |
2008. | Забранетото Кралство | -{The Forbidden Kingdom}- | Кралот Мајмуна / Тивкиот Монах | |
2008. | Мумија 3: Гробницата на Змејскиот император | -{The Mummy 3: Tomb Of The Dragon Emperor}- | император Хан | |
2009. | Основање на Република | -{The Founding Of A Republic}- | Чен Шаокуан | |
2010. | Небесен океан | -{Ocean Heaven}- | Сем Вонг / Венг Ксинченг | |
2010. | Платеници | -{The Expendables}- | Јин Јанг | |
2011. | Магионичарот и белата змија | -{The Sorcerer And The White Snake}- | монах Абот Фахаи | |
2011. | Летечките мечеви од портата на змејовите | -{Flying Swords Of Dragon Gate}- | Чоу Ваи Он | |
2012. | Платеници 2 | -{The Expendables 2}- | Јин Јанг | |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.