![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/16/JenniferAnistonHWoFFeb2012.jpg/640px-JenniferAnistonHWoFFeb2012.jpg&w=640&q=50)
Џенифер Анистон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џенифер Џоана Анистон[2](родена на 11 февруари 1969 г.) е американска глумица, режисер и продуцент. Таа е ќерка на глумецот Џон Анистон и глумицата Ненси Дау. Анистон станала светски позната по улогата на Рејчел Грин во популарната тв серија Пријатели (1994–2004), улога која и донела Еми награда, Златен глобус, и награда од страна на здружението на филмски работници. Нејзиниот лик станал широко познат за време на емитувањето на серијата и бил вброен во стоте најдобри филмски ликови во телевизискиот етер во САД.[3][4]
Џенифер Анистон | |
---|---|
![]() Анистон при добивањето на звезда на холивудската патека на славните во 2012 | |
Роден(а) | Џенифер Џоана Анистон 11 февруари 1969(1969-02-11) (55 г.) Лос Анџелес, Калифорнија |
Живеалиште | Бел Ер, Лос Анџелес, Калифорнија |
Државјанство | ![]() |
Занимање |
|
Активен период | 1987–сè уште |
Сопружник | Бред Пит (в. 2000; раз. 2005) Џастин Теру (в. 2015) |
Родители |
|
Анистон играла главна улога во голем број на комедии и романтични комедии. Таа играла во филмовите Семоќниот Брус (2003), Разделба (2006), Марли и јас (2008), Само продолжи со тоа (2011), Како да се ослободиш од шефот (2011) и Ние сме Милерови (2013); кои заработиле преку 200 милиони долари ширум светот.[5] Таа добила позитивни критики за улогата во филмовите Добрата девојка (2002) за која добила номинација за награда Спирит за најдобра женска главна улога, и Торта (2014), за која добила номинација за Златен глобус за најдобра глумица во драма. Таа исто така ја имала главната улога во филмовите И тогаш дојде Поли (2004) и Тој едноставно не е заинтересиран за тебе (2009). Во февруари 2012, таа ја добила својата ѕвезда на холивудската патека на славните.