From Wikipedia, the free encyclopedia
Џелато (италијански: gelato) — италијански збор за сладолед кој потекнува од латинскиот збор „gelātus“, што значи замрзнато. Џелато се прави со млеко, слатка павлака, различни видови на шеќери и ароми како што се свежото овошје и оревово пире.[1]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во англискиот јазик, џелато е дефиниран како мек сладолед кој содржи многу малку или скоро не содржи воздух.[2] Повеќе значајноста на зборот во Соединетите држави произлегува од фактот дека нема поставено посебен израз за џелато од страна на Министерсвото за земјоделство во Соединетите држави, како што е изразот за сладолед.[3]
Додека поимот сладолед е дефиниран од стана на Сојузниот закон според неговите состојки, кои вклучуваат масно млеко од 10%( или маст од путер) или повеќе, џелато во САД опфаќа голем број на производи вклучувајќи ги и замрзнатите десерти кои се јадат како сладолед, производи кои се идентични на сладолед со исклучок на мрсните состојки, како и врвните сладоледи кои содржат многу мрснотија, дури повеќе од минимумот поставен во Италија. Зависно од рецептот и од личноста која го прави, млечниот џелато содржи од 16-24% шеќер. Поголемиот дел од сладолед во САД содржи од 12-16% шеќер. Количината на шеќер во домашно направениот џелато, исто како во традиционален сладолед, е балансиран со количината на вода која дејствува како антифриз за да се спречи замрзнување на течноста. Видовите на шеќер кои се користат се сахароза, гликоза и сирупен шеќер кој ја контролира блажината.
Вообичаено, џелатото-како и на секој друг вид на сладолед, потребна му е основна база. Жолчките од јајцата се употребуваат во жолто-заснованите вкусови, вклучувајќи го и zabaione и creme caramel, како и безмасното млеко се додава понекогаш за да ја стабилизира базата. Скроб и желе, особено пченичен скроб, се употребуваат понекогаш за да се истенчи и стабилизира мешавината.
По закон, џелато во Италија мора да содржи барем најмалку 3,5% маст од путер, без запазување на границата поставена.
Историјата на џелато датира уште од многу одамна од стариот Рим и Египет кога служеле замрзнати десерти направени од снег и лед донесен од врвовите на планините кој го чувале подземјата. Подоцна, замрзнатите десерти почнале да се појавуваат на банкетите на фамилијата Медичи од Фиренца. Всушност, Бернардо Буонталенти, архитект од Фиренца, се мисли дека го измислис модерниот сладолед во 1565 година кога и ги претставил својот рецепт и своите иновативни техники за замрзнување на Катерин де Медичи. За возврат, таа ја однесе оаа новост во Франција, каде што во 1686 сицилијанскиот рибар Франческо Прокопио деи Колтели ја усоврши првата машина за правење сладолед.[4]
Сепак, популарноста на џелато помеѓу луѓето се зголемила во 1920те и 1930те во италијанскиот град Варесе, каде што првата приколка за џелато била создадена. Италија е единствената земја во која уделот на пазарот на домашно направениот џелато наспроти идустрискиот, е преку 55%.[5][6] Во моментов, преку 5 000 италијански џелатерии(gelaterie), или продавници за џелато низ светот опфаќаат повеќе од 15 000 gelatai или продавачи на џелато.</ref> Надвор од Италија, голем број на gelaterie можат да се сретнат во Обеидентото Кралство, Франција, Германија и северна Европа.
Правењето на џелато е слично со правењето на сладолед. Мешавината која се користи за џелато, вообичаено се подготвува најпрво со жешка процедура каде што шеќерот мора да се растопи. Белата база се загрева на 85 степени Целзиусови со крајна програма за пастеризирање. Топлиот процес за правење на џелато е ист како и за вообичаениот сладолед, и зависно од рецептите, традиционално треба да се стави арома од кокосов прав и кокосов путер.
„Џелато“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.