Џамија Ѓул
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џамијата Ѓул (турски Gül Camii, во превод „џамија на розите“) е поранешна црква која била претворена во џамија и која наоѓа во Истанбул, Турција. Црквата била изградена во VIII век во времето на византискиот цар Лав III и претворена во џамија по падот на Цариград. Храмот се наоѓа во областа Фатих и населбата Ајакапи, помеѓу четвртиот и петтиот рид на Цариград.
Кратки факти Ѓул џамија Gül Câmîi, Основни податоци ...
Ѓул џамија Gül Câmîi | |
---|---|
Џамијата од нејзината јужна страна со минаре во позадината | |
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°01′36.00″N 28°57′23.40″E |
Припадност | ислам |
Осветен | 1490 |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | црква со основа на квадратен крст |
Архитектонски стил | Византиска архитектура |
Особености | |
Должина | 26 м |
Ширина | 20 м |
Минариња | 1 |
Материјали | тула, камен |
Затвори