Љубомора (Мунк)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубомора (норвешки: Sjalusi) е слика од норвешкиот сликар Едвард Мунк[1].
Кратки факти Творец, Година ...
норвешки: Sjalusi | |
Творец | Едвард Мунк |
---|---|
Година | 1895 |
Димензии | 66.8 см × 100 см |
Место | Музеј на уметноста во Берген (колекција на Расмус Мејер) |
Затвори
Сликата е создадена за време на европскиот период во експресионистички стил.
Сликата е од 1895 година масло на платно, можеби најпознатата верзија, сега е сместена во Колекцијата Расмус Мејер, Берген и има димензии 67 на 100 сантиметри.
Покрај тоа, осум насликани верзии ги поседува Мунк музеј во Осло и една верзија се наоѓа во Музеј Штедел во Франкфурт на Мајна (на заем од приватна колекција)[2].
Другата верзија, создадена помеѓу 1898 и 1900 година, се вика „Љубомора во бањата“ и била продадена во Сотби во 1982 година, но моменталната локација останува непозната.