Јујуан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јујуан[1] или Градина Ју[2] (упростен кинески: 豫,шангајски Yuyoe, во превод: Градина на среќата[3]) — голема кинеска градина сместена покрај Храмот на богот на градот во североисточниот дел на Стариот Град на Шангај во округот Хуангпу, Шангај. Граничи со Туристички трговски центар Јујуан, со чајџилницата Хусинтинг и со пазарот Јујуан.[4]
Оваа градина е достапна од станицата Јујуан на линиите 10 и 14 на Шангајското метро.[5]
Централно место е исклучителната карпа од жад (玉玲珑), порозен камен со висина од 3,3 метри и тежина од 5 тони. Според еднo од преданијата за нејзиното потекло, карпата била наменета за царот Хуејѕонг (Династија Северен Сунг од 1100 до 1126 г.н.е.) во царската градина во Бјенѓинг, и била извадена од реката Хуангпу откако потонал чамецот што ја превезувал.[6] [7]