Јута
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јута (англиски: Utah) или официјално Држава Јута (State of Utah) е сојузна држава во западниот дел на САД. Јута е 45 држава која се приклучила на сојузот, односно Јута станала дел од САД на 4 јануари 1896 година. Државата е 13 по големина во САД, 34 по број на жители и 10 најслабо населена сојузна држава. Околу 80% од вкупно 2,817,222 жители на Јута живеат во регионот Васач Фронт, чиј центар е Солт Лејк Сити, кој воедно е и главен град на државата. Така, државата во најголем дел не е населена и населението е шесто најурбано во САД.[3] Јута се граничи со Аризона на југ, со Колорадо на исток, со Вајоминг на североисток, со Ајдахо на север и со Невада на запад. Исто така, Јута, има допирна точна со Ново Мексико.
Држава Јута State of Utah | |||||||||||
| |||||||||||
Службен јазик | Англиски | ||||||||||
Главен град | Солт Лејк Сити | ||||||||||
Најголем град | Солт Лејк Сити | ||||||||||
Површина | 13. место | ||||||||||
- Вкупно | 219 887 км² | ||||||||||
- Широчина | 435 км | ||||||||||
- Должина | 565 км | ||||||||||
- % вода | 3,25 | ||||||||||
- Гео. ширина | 109° 3′ W до 114° 3′ W | ||||||||||
- Гео. должина | 37° N до 42° N | ||||||||||
Население | 34. место | ||||||||||
- Вкупно | 2 233 169 | ||||||||||
- Густина | 10,50/км² (41. место) | ||||||||||
Надм. вис. | |||||||||||
- Највисока точка | Врв Кингс[1] 4 126 м | ||||||||||
- Најниска точка | Бивер Дем Вош[2] 664 м | ||||||||||
Влез во сојузот | 4 јануари 1896 (45) | ||||||||||
Гувернер | Џон Хантсмен, Џр. (Р) | ||||||||||
Сенатори | Орин Хеч (Р) Боб Бенет (Р) | ||||||||||
Делегација на конгресот | |||||||||||
Часовен појас | {{{часовен појас}}} | ||||||||||
Кратенки | UT US-UT | ||||||||||
Портал | www.utah.gov |
Од религиска гледна точка, Јута е најхомогена држава во сојузот. Околу 60% од населението се членови на Црквата на Исус Христос на светците од последниот ден или познати како Мормони или Мормонска црква. Оваа црква има силно влијание врз културата и секојдневниот живот на Јута.[4][5]
Државата е центар за транспорт, информатичка технологија и истражување, владини сервиси, рударство и главно туристичко одредиште за туризам во природа. Според Бирото за попис на САД, Јута била најбрзо растечка сојузна држава во САД во 2008 година.[6] Сент Џорџ бил најбрзо растечки метрополски регион во САД во периодот од 2000 до 2005 година.[7]