From Wikipedia, the free encyclopedia
Јулиус Олавус Миделтун (3 јули 1820 – 5 мај 1886 година) ― норвешки вајар и предавач. Најпознат е по неговите бисти и статуи.[1]
Миделтун е роден во Конгсберг во Бускеруд, Норвешка, Сојузот помеѓу Шведска и Норвешка. Тој бил син на Георг Миделтун (1779-1831) и Марен Маргрете Јоргенсен (1785-1829). Неговиот татко бил вработен во Кралската норвешка ковачница во Конгсберг. Како млад, тој учел да биде златар пред да се пресели во Копенхаген да учи кај Херман Вилхелм Бисен. После неговите десет години таму следеле осум години во Рим (1851-1856), по што се вратил во Норвешка.[2][3]
Од 1869 година, па сè до неговата смрт во 1886 година, Миделтун предавал во Кралското училиште за цртање во Кристијанија (Тегнесколен и Кристијанија) кое сега е Норвешката национална академија за занаетчиска и уметничка индустрија во Осло. Меѓу неговите ученици биле Ерик Веренскиолд (1883), Луис Мо и Теодор Кителсен (1874), како и Едвард Мунк (1881) кој ја насликал познатата слика „Крик“.[4][5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.