Јужноафриканска Република (Трансвал)
независна бурска република во Јужна Африка (1856-1902) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноафриканска Република (холандски: Zuid-Afrikaansche Republiek, скратено ЈАР; африканс: Suid-Afrikaanse Republiek), позната и како Република Трансвал ― независна бурска република во Јужна Африка која постоела од 1852 до 1902 година. По Втората бурска војна била припоена кон Британската Империја.
Јужноафриканска Република Zuid-Afrikaansche Republiek
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Eendragt maakt magt" | ||||||
Химна: "Volkslied van Transvaal" |
||||||
| Преторија
| |||||
Official language | Холандски | |||||
Уредување | Парламентарна република под британско сизеренство | |||||
Законодавство | Фолксрад | |||||
Основана | ||||||
• | Конвенција на Реката Сенд | 17 јануари 1852 | ||||
• | Граѓанска војна | 7 октомври 1862 | ||||
• | Колонија Трансвал | 12 април 1877 | ||||
• | Прва бурска војна | 12 декември 1880 | ||||
• | Преториска конвенција | 3 август 1881 | ||||
• | Лондонска конвенција | 27 февруари 1884 | ||||
• | Втора бурска војна | 11 октомври 1899 | ||||
• | Договор од Веренигинг | 31 мај 1902 | ||||
• | Марицко востание | септември 1914 – февруари 1915 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 191,789 км2 | ||||
Валута | Јужноафриканска фунта |
Јужноафриканската Република била основана со Конвенцијата за реката Сенд од 1852 година, со која британската влада формално ја признала независноста на Бурите кои живеат северно од реката Вал. Односите меѓу Јужноафриканската Република и Британија почнале да се влошуваат откако британската Колонија Кејп почнала да се проширува кон внатрешноста на Јужна Африка, што кулминирало со избувнување на Првата Бурска војна. По победата на Бурите во војната била потврдена независноста на Јужноафриканската Република. Во 1899 година, повторно избувнала војна помеѓу Велика Британија и Јужноафриканската Република, при што ЈАР била брзо окупирана од британската војска. Според мировниот договорот со кој завршила војната, Јужноафриканската Република била трансформирана во Трансвалска Колонија и потоа како ентитет во Унијата на Јужна Африка.
Територијата на која порано се наоѓала Јужноафриканската Република сега ги опфаќа целите или поголемиот дел од покраините Гаутенг, Лимпопо, Мпумаланга и Северозападната Покраина од денешната Јужноафриканска Република.