Јужноафриканска Република
земја во Африка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноафриканската Република, Јужна Африка или ЈАР е република сместена на јужниот крај на Африка. Се граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Свазиленд. Лесото е независна енклава, целосно опкружена со територијата на Јужна Африка.
- Јужна Африка пренасочува тука. За регионот видете Јужна Африка (регион). За други значења, видете Јужна Африка (појаснување).
Јужноафриканска Република 10 други официјални имиња
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "!ke e: ǀxarra ǁke" (ǀксам) „Единство во разноликоста“ |
||||||
Химна: Химна на Јужна Африка |
||||||
Местоположба на Јужноафриканската Република
|
||||||
Главен град | Преторија (извршен) Блумфонтејн (правен) Кејптаун (легислативен) | |||||
Најголем град | Јоханесбург[1] | |||||
Службен јазик | ||||||
Демоним | Јужноафриканец | |||||
Уредување | унитарна парламентарна република со извршно претседателство | |||||
• | Претседател | Сирил Рамафоса | ||||
• | Потпретседател | Кхалима Мотланте | ||||
• | Претседавач на НСнП | М. Ј. Малангу | ||||
• | Претседател на Народното собрание | Макс Сисулу | ||||
• | Шеф на правдата | Пиус Ланга | ||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Унија | 31 мај 1910 | ||||
• | Вестминстерски статус | 11 декември 1931 | ||||
• | Република | 31 мај 1961 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1.221.037 км2 (25.) | ||||
• | Вода (%) | занемарливо | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2019 г. | 59 622 350[2] (24.) | ||||
• | Попис 2011 | 51 770 560 | ||||
• | Густина | 42,4 жит/км2 (169.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2020 г. | |||||
• | Вкупен | $833,996 милијарди[3] (32.) | ||||
• | По жител | $13 965[3] (96.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2020 г. | |||||
• | Вкупно | $369,854 милијарди[3] (35.) | ||||
• | По жител | $6193[3] (89.) | ||||
Џиниев коеф. (2014) | 63.0[4] многу висок |
|||||
ИЧР (2018) | ▲ 0.705[5] висок · 113. |
|||||
Валута | Ранд (ZAR ) |
|||||
Часовен појас | SAST (UTC+2) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .za | |||||
Повик. бр. | +27 |
Јужна Африка има најбројно население од европско потекло во Африка, најбројно индиско население вон Азија, како и најбројна обоена (од мешано евроафриканско потекло) заедница во Африка, што ја прави една од најшарените земји во етничка смисла на континентот. Расните и етничките борби помеѓу мнозинството на црнците и малцинството на белците играле голема улога во историјата и политиката на земјата. Националната партија ја воведува политиката на апартхејд по победата на изборите во 1948, но истата партија под водството на Ф.В. де Клерк ќе започне да ја напушта таа политика во 1990, по долга борба со мнозинството црнци, како и многу белци, обоени и Индијци од Јужна Африка.
Земјата е една од ретките во Африка што никогаш не доживеала државен удар и редовни и демократски избори се одржуваат од 1994, што ја прават регионална сила и една од најстабилните либерални демократии во Африка. Економијата на Јужна Африка е најголема и најразвиена на целиот африкански континент, со модерна инфраструктура низ целата земја.