From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужниот Андамански Остров е најјужниот остров на Големите Андамански Острови и е најгусто населен од сите острови. Тој и припаѓа на Јужната Андаманска административна област, која е дел од индиските сојузни територии на Андамански и Никобарски Острови.[6] Овде се наоѓа Порт Блер, главниот град на целиот архипелаг.
Мапа на Андаманските Острови, каде локацијата на Јужниот Андамански Остров е прикажана со црвена боја | |
Географија | |
---|---|
Место | Бенгалски Залив |
Координати | 11.783333° СГШ; 92.65° ИГД |
Архипелаг | Андамански Острови |
Соседни водни површини | Индиски Океан |
Површина | 1.262 км2[1] |
Должина | 83 км |
Ширина | 28 км |
Брегова линија | 413 км |
Највисоко место | 459 м[2] |
Највисока точка | Којоб |
Држава | |
Област | Јужна Андаманска област |
Островска група | Андамански Острови |
Островска подгрупа | Големи Андамани |
Техсил | Фераргунџ техсил |
Најголема населба | Порт Блер (pop. 100,000) |
Демографија | |
Население | 209,602 (2011)само села |
Густина | 166 /km2 (430 /sq mi) |
Етнички групи | Индијци, Андаманци |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
|
PIN | 744202[3] |
Телефонски код | 031927 [4] |
ISO code | IN-AN-00[5] |
Мреж. место | and.nic.in |
Писменост | 80.6% |
Просечна летна температура | 30.2 °C (86.4 °F) |
Просечна зимска температура | 23.0 °C (73.4 °F) |
Полов сооднос | 1.15♂/♀ |
Пописен код | 35.640.00xx |
Службени јазици | Хинди, Англиски |
Во поновата историја овој остров бил тешко погоден од цунамито по земјотресот на 26.12. 2004 година, во Индискиот Океан, што довело до смрт на многу од жителите на островот.
Островот му припаѓа на ланецот на Големите Андамански Острови. Некои делови на островот се забранети области за лица кои не се од индиска националност, а дозвола за транзит може да се добие од соодветното министерство на владата. Овој остров е трет по големина и се наоѓа јужно од Средниот Андамански Остров и Баратанг, од кои е одделен со природен канал, широк неколку стотини метри. Островот е долг 83 километри, а најголемата широчина изнесува 28 километри и е со површина од 1262 км2. Островот е најмалку брдест од сите Северни Андамански Острови, а највисокиот врв изнесува 459 метри надморска височина.[7][8]
Островот и припаѓа на административната област на Порт Блер и Фераргунџ.[9]
Порт Блер, главниот град на островите, се наоѓа на јужниот дел од овој остров. Други големи градови се: Бамбуфлет, Протрапур и Гарачарма. Според пописот од 2011 година, населението на територијата на Северните Андамански Острови изнесувало 209.602 жители. Населението на целата територија на Андамани и Никобари, според пописот од 2001 година, изнесувало 356.152. Делотворната стапка на писменост (односно стапката на писменост на населението со исклучок на децата на возраст од 6 години и помали) е 80.6%.
Вкупно | Мажи | Жени | |
---|---|---|---|
Население | 209602 | 111980 | 97622 |
Деца под 6 години | 21498 | 10954 | 10544 |
Касти | 0 | 0 | 0 |
Племиња | 2553 | 1287 | 1266 |
Писмени | 168924 | 93717 | 75207 |
Вработени (сите) | 85131 | 68143 | 16988 |
Главни работници (вкупно) | 75885 | 61685 | 14200 |
Главни работници: земјоделци | 3054 | 2130 | 924 |
Главни работници: земјоделски работници | 1229 | 1042 | 187 |
Главни работници: работници во домаќинства и индустрија | 624 | 463 | 161 |
Главни работници: други | 70978 | 58050 | 12928 |
Маргинални работници (вкупно) | 9246 | 6458 | 2788 |
Маргинални работници: земјоделци | 412 | 293 | 119 |
Маргинални работници: земјоделски работници | 613 | 465 | 148 |
Маргинални работници: работници во домаќинства и индустрија | 181 | 103 | 78 |
Маргинални работници: други | 8040 | 5597 | 2443 |
Невработени | 124471 | 43837 | 80634 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.