From Wikipedia, the free encyclopedia
Јоханес Ханс Даниел Јенсен (25 јуни 1907 – 11 февруари 1973 ) — германски јадрен физичар. За време на Втората светска војна, тој работел на гермнаската јадрена програма, позната како Ураниумски Клуб, во која тој дал придонеси за издвојувањето на ураниумовите изотопи. По војната јенсен бил професор на Хајделбершкиот универзитет. Бил повремен професор на Висконсиншкиот универзитет, односно на Институтот за напредни студии, Калифорнискиот универзитет, Индијанскиот универзитет и Калифорнискиот универзитет за технологија.[1]
Јоханес Ханс Даниел Јенсен | |
---|---|
Роден(а) | Јоханес Ханс Даниел Јенсен 25 јуни 1907 Хамбург, Германско Царство |
Починал(а) | 11 февруари 1973 65) Хајделберг, Западна Германија | (возр.
Националност | Германец |
Полиња | Физика |
Образование | Хамбуршки универзитет |
Докторски ментор | Вилхелм Ленц |
Докторанди | Ханс-Арвед Вајденмилер |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1963) |
Јенсен ја поделил Нобеловата награда од 1963 година заедно со Марија Геперт-Мајер за нивното осмислувањље на јадрениот слоест модел.
Јенсен изучувал физика, математика, физичка хемија и филозофија на Фрајбуршкиот универзитет и на Хамбуршкиот универзитет од 1926 до 1931 година, а докторатот го стекнал година подоцна под менторство на Вилхелм Ленц во 1932 година. Јенсен ја завршил својата хабилитација во 1936 година при Хамбуршкиот универзитет.[1][2]
Во 1937 година Јенсен работел како предавач на Хамбуршкиот универзитет заедно со Паул Хартек, раководителот на одделот за физичка хемија на универзитетот и советник на Heereswaffenamt за експлозиви. Хартек и неговиот асистен при предавањата Вилхелм Грот оствариле контакт со Reichskriegsministerium (министерството за војна на Рајхот) на 24 април 1939 година, за да им укажат за потенцијалната примена на јадрените ланчани реакции за воени цели. Воената контрола на гермнаската јадрена програма, позната како Uranverein (Ураниоумски Клуб), започнала на 1 септември 1939 година, денот кога нацистичка Германија ја започнала Втората светска војна со окупацијата на Полска. Хартек, еден од главниците на Uranverein, го внел Јенсен во проектот. На Јенсен му била доверена двојните центрифуги за раздвојување на ураниумовите изоптопи (Погледајте го делот во кој се наведенми внатрешните извештаи на Uranverein). Хартек и Јенсен развиле двојна центруифуга заснована на тресечки процес (Schaukelverfahren) за да се постигне разделувачкиот ефект.[1][3][4]
Во 1941 година Јенсен бил именуван за вонреден професор по теориска физика на Technische Hochschule Hannover (денес, Хановерскиот универзитет), и во 1946 година е прогласен за редовен професор. Во 1949 година тој бил назначен за редовен професор на Хајделбершкиот универзитет, а од 1969 година професор во пензија. Тој бил повремен професор на Висконсиншкиот универзитет (1951), Институтот за напредни студии (1952), Калифорнискиот универзитет (1952), Индијанскиот универзитет (1953), Калифорнискиот универзитет за технологија (1953), Минесотскиот универзитет, Твин Ситис (1956) и повторно на Калифорнискиот универзитет (1961).[1][2]
Во 1963 година Јенсен ја сподлеил половината од Нобеловата награда за физика со Марија Геперт-Мајер за нивниот предлог за јадрениот слоест модел, останатата половина од наградата му била доделена на Јуџин Вигнер за неговата работа на во јадрената и честичната физика, особено за примената на основните симетрички начела.
Адолф Хитлер ја добил власта на 30 јануари 1933 година. На 7 април истата година бил донесен законот за Законот за возобновување на професионалната државна служба, овој закон и сите понатамошни проширувања, го политизирале образовниот систем во Германија. Други фактори кои го спроведувале политизирањето на образованието биле Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei (НСДАП, Национал-социјалистичка германска работничка партија) со што започнало движењето наречено DГерманска физика, кое било антисемитско и имало сомнеж кон теориската физика, особено кон квантната механика. Меѓу партиските организации биле Nationalsozialistischer Deutscher Studentenbund (Национал-социјалистичка германска студенска лига) основана во 1926 година, Nationalsozialistischer Lehrerbund (Национал-социјалистичка наставничка лига) основана во 1927 година и Nationalsozialistischer Deutscher Dozentenbund (Национал-социјалистичка универзитетска наставничка лига) основана во 1933 година. Иако членството во НСДАП не било задолжително, тактички било престижно, ако не и неизбегливо, бидејќи обласните управители имале одлучувачка улога во прифаќањето на хабилитацијата, која била предуслов за стекнувањето на титулата приватдоцент потребна за да се стане универзитетски предавач.[5][6][7][8]
Во меѓувреме сите германски универзитети биле политизирани, но не сите биле строги во спроведувањето на одлуките како шѓто бил и Хамбуршкиот универзитет, каде Јенсен го стекнал својот докторат и хабилитација. По добивањето на хабилитацијата во 1936 година тој бил член на НСДАП три години, на НСЛБ две години, и кандидат за членство во НСДАП, кое го добил следната година. Универзитетскиот водач на НСЛБ, дал до јасно знаење дека активното учествување во партиските активности е очекувано од страна на Јенсен, и затоа стануваат членови.[9][10]
По Втората светска војна започнал процесот на денацификација. Кога Јенсен бил соочен со постапките, тој му се обратил на Вернер Хајзенберг, истакнат член на Uranverein, за да посведочи за неговиот карактер – документ познат како Persilschein (простувачки сертификат).[11] Хајзенберг бил исклучиво моќен пишувач на овие документи, бидејќи не бил член на НСДАП, тој јавно се спротивставувал на НСДАПО и на Шуцштафел (SS), и бил назначен од британските окупациони власти да го раководи одделот за теориска физика при Институтот за физика „Макс Планк“ во Гетинген. Хајзенберг го пишал документот и ги убедил властите дека Јенсен се придружил на нацистичката партија за да ги избегне непотребните потешкотии во работењето.[12]
Почестите кои ги стекнал Јенсен се:[1][2]
Следниве извештаи биле објавени во Kernphysikalische Forschungsberichte (Истражувачки извештаи за јадрена физика), внатрешно објави од германското Uranverein. Извештаите биле класифицирани како врвна тајна, имале ограничена употреба, и на авторите им било забрането да поседуваат копии. Извештаите биле конфискувани од страна на сојузниците при „Алсос“ и предадени за процена на Комисијата за атомска енергија на САД. Во 1971 година извештаите биле декласифицирани и вратени на Германија. Извештаите се достапни во Институтот за технологија „Карлсруе“ и во Американскиот институт за физика.[13][14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.