From Wikipedia, the free encyclopedia
Јон — атом кој изгубил или примил електрон односно е променета неговата неутрална природа. Јоните се делат на катјони кои се позитивно наелектризирани поради поголемиот број на протони и анјони кои се негативно наелектризирани јони поради поголемиот број на електрони. Јоните се формираат кога електроните се додаваат или одземаат од неутралните молекули или други јони, како што се атомите на натриумот (Na) и хлорот (Cl) кога реагираат за да формираат Na+ и Cl–, при комбинирањето на јоните со другите честички, како што се катјоните на водородот (H+) и амонијакот (NH3) кога се комбинираат за да формираат катјони на амонијакот (NH4+) или кога ковалентната врска меѓу два атома се прекинува на тој начин што резултира со честички што се набиени, како водата (H2O) кога се разложува на водород и водороден оксид (H+ и OH–). Многу кристални супстанции се составени од јони што се држат во правилни геометриски облици со привлекување на спротивно набиените честички едни со други. Јоните се движат во електродите со спротивно полнење во едно електрично поле и се проводници на електричната енергија во електролитските ќелии. Соединенијата што формираат јони се нарекуваат електролити. Јоните, исто така, се формираат во гасовите кога се загреваат на високи температури или кога електрично празнење поминува низ нив.
Едноатомските катјони се именуваат со додавање на македонскиот назив на елементот до кој е изведен катјонот. Ако од едне елемент може да се изведат повеќе катјони, тогаш во заграда, со римски цифри, се означува вредноста на оксидациониот број. Притоа, заградата се пишува слеано со името на елементот, а знакот + не се пишува. Кај елементите со една можна вредност на оксидациониот број, неговата вредност не се пишува. На пример, се пишува бакар(I) катјони или бакар(II) катјони, но само натриум катјони или калциум катјони. Наместо да се наведе оксидациониот број, може да се посочи вредноста на релативниот полнеж на катјонот. Во тој случај, во заграда, со арапска цифра следена со знакот +, се запишува релативниот полнеж. На пример, може да се напише: бакар(2+) јони, алуминиум(3+) јони, итн.[1]
Називите на едноатомските анјони се образувани од коренот на латинскиот назив на елементот, со додавање на наставката ид. Притоа, корените на називите се: хидр- (за водородот), окс- (за кислородот), сулф- (за сулфурот), селен- (за селенот), флуор- (за флуорот) итн. На пример, зборуваме за хидрид јони, оксид јони, сулфид јони итн. Исто како и кај катјоните, и кај јоните, може на крајот во заграда да се наведе релативниот полнеж (со арапска бројка, следена со знакот -). На сличен начин се образуваат и називите на јоните што се состојат од повеќе од еден атом на ист елемент, со тоа што пред нивниот назив се додава префикс за бројот на атомите (моно-, ди-, итн.). При тоа, префиксот моно- може да се испушти, а во заграда може да се наведе оксидациониот број или релативниот полнеж на јоните.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.