From Wikipedia, the free encyclopedia
Јелена Розга (23 август 1977 во Сплит) — хрватска пејачка која пее поп, фолк и електропоп музика. Родена е и израсната во Сплит каде уште како дете почнува да настапува како балерина. Се прославува како пејачка на хрватската група Магазин. Пее во групата од 1996 до 2005 година, а во 2006 година ја започнува својата соло кариера откако издава 5 студиски албуми со Магазин.
Соло кариерата Розга ја започнува со албумот Oprosti mala кој доживува голем комерцијален успех кој ја воспоставува како успешна соло пејачка. Албумот се искачува на врвот на табелата за хрватски албуми и на него се наоѓаат неколку успешни синглови како што се „Gospe moja“ („Богородице моја“), „Oprosti mala“ („Прости малечка“) и „Ne zovi me Marija“ („Не ме нарекувај Марија“). На вториот студиски албум на Розга, Bižuterija ( Бижутерија) издаден во 2011, се наоѓаат истоимената песна која е воедно најголемиот соло хит на пејачката како и сингловите „Rodit' ću ti 'ćer i sina“ („Ќе ти родам ќерка и син“) и „Ona ili ja“ („Таа или јас“). Во промоцијата на албумот, Розга ја започнува својата прва соло турнеја, насловена Турнеја „Бижутерија“ која трае од 2010 до 2012 година; со распродадениот концерт во Спаладиум арената, Розга станува првата хрватска пејачка која успева да ги распродаде сите карти.
Во 2012, Розга го издава својот прв Best of компилациски албум на кој се наоѓаат нејзините хитови со Магазин како и тие од нејзината соло кариера. Moderna žena („Модерна жена“), третиот студиски албум на пејачката е издаден во 2016 и на него се наоѓаат некои од најголемите хитови на пејачката во нејзината кариера, вклучувајќи ги „Nirvana“ („Нирвана“), „Kraljica“ („Кралица“) и „Tsunami“ („Цунами“). Moderna žena е третиот албум на пејачката кој успеал да го достигне врвот на хрватската табела на албуми и добива златен сертификат од страна на хрватската музичка асоцијација. Воедно е и најпродаваниот албум на годината во Хрватска.
Покрај нејзината пејачка кариера, Розга исто така кратко време посветува на глумата. Денеска се смета за една од најпознатите пејачки во Хрватска,[1] каде што има освоено златни сертификати за сите нејзини три албуми и голем број на награди, вклучувајќи ја и наградата Grand Prix на сплитскиот фестивал. Покрај познатоста во Хрватска, пејачката исто така има изградено успешна кариера во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија.
Јелена Розга е родена на 23 август 1977 како ќерка на Марија Розга, кројачка во компанијата Југопластика и таткото Антонио Розга во Сплит, регион во Далмација, Хрватска. Розга е второ дете и има постара сестра чие име е Јулија.[2] Како дете, Розга била многу хиперактивна и енергетична и честопати танцувала или настапувала во нејзиниот дом.[3] Поради нејзината упорност да биде балерина, нејзините родители ја испратиле на часови по балет кога имала седум години и била ученик во прво одделение во основното училиште.[4][5] Ѝ се придружила на групата КУД Мозаик каде што била под водство на познатата хрватска кореографка Лепа Смоје.[6] Како балерина, учествувала на неколку југословенски напревари. На 13-годишна возраст, Розга била поканета да учествува во оперската куќа Ла Скала во Милан. Нејзините родители не можеле да ѝ го дозволат тоа поради финансиски причини.[7]
За време на своите тинејчерски години, Розга започнала да учи во средното училиште во Сплит и одлучила да ја развива својата страст кон танцот, па така се пријавила на аудициите за балетниот ансамбл во хрватскиот народен театар во Загреб. Веднаш била прифатена од комисијата која се воодушевила од нејзините танцувачки способности. Заедно со групата, започнала да настапува на различни продукции на театарските претстави Лебедово езеро, Заспаната убавица и Оревокршачка покрај другите.[4] Розга подоцна открила дека часовите по балет кои ги следела како дете придонеле кон тоа таа да се оформи како жена, да се здобие со ред, посветеност и дисциплина во животот.[5]
За време на интервју, Розга открила дека дури и како балерина во нејзиното детство, имала голема љубов кон пеењето и нејзиниот најголем сон бил да стане пејачка на хрватскиот поп состав Магазин, чиј главен вокал во тоа време, имено Љиљана Николовска, служела како извор на инспирација за неа. Розгаг исто така била огромен фан на бендот чии песни ги знаела напамет.[4] Во 1992, Розга ја освоила првата награда на музички натпревар каде што настапила со песната „Uvenut će ružmarin“ („Ќе овене рузмаринот“) на Магазин.[8] Во 1994, зела учество на друг натпревар, Zvuci Jadrana (Звуците на Јадранот), каде што ја добила наградата Zlatna Gospa за нејзиниот настап со песната „Ti si želja mog života“ („Ти си мојата животна желба“).[9]
Кога ќерка ѝ имала 18 години, мајката на Розга слуша дека главната пејачка на Магазин во тоа време, Данијела Мартиновиќ, ја напушта групата. Таа го контактира водичот на групата Тончи Хуљиќ, информирајќи го за интересот на нејзината ќерка да отиде на аудициите на групата.[7] Мајката на Розга исто така му дава слика од нејзината ќерка на Хуљиќ заедно со домашни касети и аудио снимки од нејзините домашни настапи.[10] Уште пред да ја чуе како пее, Хуљиќ се одлучил да ја контактира Розга со оглед на тоа дека нејзиното презиме му звучело необично и моќно.[10][11] Тој отишол во Сплит каде што аудицијата траела само пет минути, Розга испеала само „песна и половина“, вклучувајќи ги „Opusti se“ (македонски: Опушти се) и „Zlato ljubavi“ (македонски: Злато љубов).[7] Откако испеала, Хуљиќ работел на песната „Aha“ заедно со неговата сопруга, Вјекослава Хуљиќ, која била првата песна што Розга некогаш ја снимила.[4] Потоа, Розга престанала со нејзините часови по балет и ја започнала музичката кариера во групата Магазин.[4][12] Во 1996, настапила со „Aha“ на Хрватскиот избор за песна на Евровизија во 1996, Дора, каде што го освоила второто место.[2] За настапот, таа се појавила облечена како балерина и извела танчерска кореографија.[13]
Истата година, на 18-годишна возраст, потпишала договор со Tonika Records, со што ја наследила Данијела Мартиновиќ како главна пејачка на Магазин. Првата песна што ја снимила со групата била „Suze biserne“ („Бисерни солзи“) со која бендот настапил на фестивалот „Мелодије хрватског Јадрана“ во 1996 година. Песната станала популарна инстантно меѓу фановите на групата и била препозната како најизведувана песна за таа година.[2][14] Во 1996, Магазин го издале првиот албум со Розга и нивниот дванаесетти студиски албум, насловен Nebo boje moje ljubavi (македонски: Небо во боја на мојата љубов). Албумот достига голем комерцијален успех и добива златна сертификација во Хрватска.[14] Од него излегуваат неколку хитови, вклучувајќи ги и „Suze biserne“ и „Minut' srca tvog“ (македонски: Минута со твоето срце) како и „Nebo boje moje ljubavi“ и „Samo navika“ („Само навика“) . Во 1997, Магазин настапил на Дора со песната „Opijum“ (македонски: Опијум), каде што завршиле седми.[15] После неколку месеци, бендот настапил на Melodijama Hrvatskog Jadrana (MHJ) каде што ја извеле песната „Ime mi spominje“ (македонски: Ми го спомнува името).[16] Во 1998, вториот студиски албум на групата со Розга, Da si ti ja бил издаден; достигнал комерцијален успех во регионот на бивша Југославија, освоил платинест сертификат во Хрватска и Словенија. Албумот произвел неколку комерцијални синглови, вклучувајќи ги „Gutljaj vina“ (македонски: Голтка вино), „Ginem“ (македонски: Гинам), „Na svijetu sve“ (македонски: Сè на светот) и „Idi i ne budi ljude“ (македонски: Оди и не ги буди луѓето). Песните не наишле на добра критика од музичките критичари кои рекле дека имаат „лесен“ текст.[17]
Во 1999, Магазин настапил на Дора со песната „Kasno je“ (македонски: Касно е) и на MHJ '99, каде што настапиле со „Ako poludim“ (македонски: Ако полудам). Minus i plus (македонски: Минус и плус), третиот албум на групата со Розга, бил издаден во 2000 и ги вклучувал следниве комерцијално успешни синглови: насловната песна, „Jel' zbog nje“ (македонски: Дали е поради неа), „Nemam snage da se pomirim“ (македонски: Немам снага да се помирам) и „Ako poludim“. Бендот настапил со песната „Hrvatska rapsodija“ (македонски: Хрватска рапсодија) од албумот на фестивалот од 2000 на Дора и потоа со „Nemam snage da se pomirim“ на Руинќевскиот фестивал.[18] Од четвртиот студиски албум S druge strane Mjeseca (македонски: Од другата страна на месецот) излегле неколку сингла, вклучувајќи ја насловната песна , „'Ko me zove? “ (македонски: Кој ме вика) и „Ne vjerujem tebi, ne vjerujem sebi“ (македонски: Не ти верувам тебе, не си верувам себеси); последната била изведена на MHJ '02. Бендот исто така настапил за првпат на фестивалот од 2002 „Златни жици на Славонија“ со песната „Hajde, kaži kako“ (македонски: Ајде кажи како).[18]
Последниот албум којшто групата Магазин го издала со Розга бил Paaa..? и ги вклучувал хит сингловите „Ne tiče me se“ (македонски: Не ме интересира), „Troši i uživaj“ (македонски: Троши и уживај), „Kad bi bio blizu“ (македонски: Кога би бил близу), „Da li znaš da te ne volim“ (македонски: Дали знаеш дека не те сакам), „Slatko, ljuto, kiselo“ (македонски: Слатко, луто, кисело) и „Lepoglava“ („Лепоглава“).[5] На промоцијата на албумот, бендот настапил со „Kad bi bio blizu“ на Радискиот фестивал од 2003 и „Da li znaš da te ne volim“ на Сплитскиот Фестивал. Во 2004, бендот победил на Сплитскиот Музички Фестивал со песната „Ne tiče me se“, a настапил и на фестивалот Златне Жице Славоније со песната „Često“ (македонски: Често).[18] Бендот настапил на Дора 2005 со библиската песна „Nazaret“ (македонски: Назарет) на којашто пеел Ервин и завршил на второто место.[19][20] Во 2006, Розга ја напушта групата откако служела како главна пејачка десет години. Сепак, продолжува да соработува со Тончи Хуљиќ, основачот на бендот.[21]
Розга го снимила и го издала нејзиниот прв солистички албум Oprosti mala (македонски: Прости малечка) во 2006; албумот бил комерцијален успех, искачувајќи се на врвот на Хрватската Листа на Албуми. Истата година, таа настапила со насловната песна од албумот заедно со бендот Магазин на националниот фестивал на Дора во 2006, којшто воедно бил и нејзиниот прв соло настап. Шест сингла излегле од албумот Oprosti mala, вклучувајќи ги „Oprosti mala“ (македонски: Извини малечка), „Ne zovi me Marija“ (македонски: Не ме викај Марија), „Ja znam dobro što mi je“ (македонски: Јас знам добро што ми е), „Sve se meni čini“ (македонски: Сè ми се чини), „Nemam“ (македонски: Немам) и „Gospe moja“ (македонски: Богородице моја). Во 2006, Розга настапила на Хрватскиот избор за Евровизија од 2006, Дора со песната „Ne zovi me Marija“ којашто завршила шеста. Розга ја извела „Gospe moja“ на Сплитскиот Фестивал во 2007 каде што песната ја освоила главната награда.[5]
За време на неколку интервјуа, Розга открила дека преминот од Магазин во соло кариера бил голем предизвик кој ѝ предизвикал многу стрес и здравствени проблеми. Открила дека не била свесна за сите одговорности и независни одлуки кои еден соло артист треба да ги донесе. Така, на почетокот, била многу разочарана од малиот број луѓе коишто ги посетувале нејзините првични солистички концерти.[1] Хуљиќ открил дека првиот период на транзиција вклучувал истражување на тоа каков звук и стил очекувала публиката од Розга и дека процесот траел речиси четири години пред да го најде сопствениот пат.[22]
Кариерата на Розга брзо почнала да се движи нагоре, особено во 2008 кога ја освоила главната награда на Сплитскиот музички фестивал за најслушана песна со „Gospe moja“ од минатата година. Потоа, го издала синглот „Daj šta daš“ којшто се искачил на врвот на табелите во Хрватска и во соседните држави. Песната исто така ја освоила главната награда во 2009 со тоа што била најслушаната песна на минатогодишниот фестивал.[21] Два други сингла биле издадени во 2008, вклучувајќи ги и „Djevica“ (македонски: Девица) и „Ožiljak“ (македонски: Белег). Во 2009, Розга настапила на Хрватски Радиски Фестивал со „Svega ima, al' bi još“ (македонски: Сè има, но би сакала уште) во категоријата поп-фолк музика.[23] Розга настапила на Сплитскиот фестивал од 2009 со „Rodit' ću ti 'ćer i sina“ (македонски: Ќе ти родам ќерка и син) и следната година, во 2010, третпат по ред, ја освоила главната награда за најслушана песна со „Rodit' ću ti 'ćer i sina“.[5] На крајот на годината, Розга продолжила со издавањето на песната „Nevjeran do groba“ (македонски: Неверен до гроб), дует со бендот Miligram и „Ostavit ću svitlo“ (македонски: Ќе го оставам светлото), дует со Клапа Искон.[24]
Во мај 2010, соработувала со Жељко Самарџиќ на песната „Ima nade“ (македонски: „Има надеж“) и музичкото видео за неа снимено во Сплит под дирекција на Жељко Петрес.[25] Во 2010, после премиерата на Сплитскиот Фестивал, „Bižuterija“ (македонски: „Бижутерија“) била најслушаната песна на летото и број еден сингл во Хрватска и на целиот Балкан.[5] Песната се смета за пресврт во кариерата на пејачката поради тоа што ѝ донела преголема популарност.[26] Од 2020 година, снимката од аудиото и од официјалното музичко видео за песната имаат повеќе од 35 милиони прегледни на платформата Јутјуб.[27][28] Во почетокот на 2011, Розга го издала својот втор студиски албум Bižuterija којшто се продал во тираж од 15,000 копии во првиот месец по издавањето и со тоа ѝ дал златен сертификат од Хрватската Фонографска Асоцијација.[29] Од албумот произлеге неколку хит синга, вклучувајќи ги насловната песна, „Karantena“, „Ona ili ja“ и „Rodit ću ti 'ćer i sina“. За да го промовира албумот, Розга ја започнала турнејата Бижутерија која ги посетила сите поголеми градови во Хрватска, почнувајќи со концерт во Задар на 27 октомври 2011. Розга била првиот женски артист кој ги распродал сите влезници за Спаладиум Арена (со капацитет од околу 12,000 луѓе) во нејзиниот роден град Сплит на 11 февруари 2011.[30][31] По неколку месеци, имала уште еден распродаден концерт во Загреб во салата Чибона.[32]
Истата година, Розга освоила Порин награда (Хрватска верзија на Греми наградите) во категоријата Хит на Годината со „Bižuterija“ на 18-та церемонија.[33] Наградата предизвикала контроверзија поради тоа што освоила најмногу гласови од публиката но многу хрватски музички артисти и критичари не ја прифатиле.[34][35] Подоцна таа пролет, соработувала со групата Connection на песната „Dalmatinka “ („Далматинка“) којашто станала летен хит.[36] Во летото 2011, настапила со „Razmažena“ („Разгалена“) на Сплитскиот Фестивал и освоила уште една главна награда за најмногу гласови од публиката. Музичкото видео за песната, режирано од Gitak TV и издадено на 18 октомври ја прикажува Розга облечена како невеста и како бега од својата венчавка по краток разговор со свештеник; од 2021, има повеќе од 16 милиони прегледни на нејзиниот официјален канал на Јутјуб.[37] На крајот на 2011, таа го издала нејзиното двојно ЦД компилација насловена Best of. Првиот диск од албумот ги вклучува најголемите хитови на нејзината солистичка кариера и вториот диск, најголемите хитови во годините со Магазин (1996–2006).[38] Во ноември, таа година Розга го имала првиот соло концерт во Сава Центарот во Белград и во декември ја започнала соработничката турнеја насловена Karlovačko live 2011. со бендот Бајага и инструктори за чиешто времетраење ги посетила сите најголеми градови во Хрватска.[39][40]
На 3 март 2012, Розга ја издава „Zanemari“ („Занемари“) заедно со музичко видео режирано од страна на Дарко Дриновац на 23 април 2012.[41][42] На Сплитскиот Фестивал во 2012, таа ја изведува песната „Solo igračica“ („Соло танчарка“) којашто ѝ ја носи наградата Srebrni galeb односно второто место одбрано од страна на публиката. Истовремено, Розга го издава и летниот сингл „Dobitna kombinacija“.[43] По неколку месеци, снима музички видеа за двата сингла во Сараево во режија на ГОТИВА Сарајево.[44] Музичкото видео, издадено на 27 септември 2012, ги комбинира двете песни во една, со што се создава краткометражен филм споен во едно. Со ова, Розга станува првата пејачка во Хрватска и во соседните држави да направи таков обид.[45] На 26 март 2013, Розга го издава синглот „Nirvana“ заедно со музичко видео на кое таа изведува кореографија поддржана од два машки танчари. Песната, којашто добива голема покриеност од страна на медиумите и печатот, се стекнува со многу висок успех во сите поранешни Југословенски држави.[46] Од 2021, музичкото видео за песната е второто најгледано на музичкиот канал на Розга со 36.5 милиони прегледи.[47] Истото лето, ја издала песната „Obožavam“ („Обожавам“) и во ноември, 2013, баладата „Cirkus“ („Циркус“).[48][49] Песните се искачиле на броевите 5 и 2 на Хрватската Табела на Синглови, последователно.
На почетокот на 2014, на 24 јануари, Розга ја издава баладата „Prsti zapleteni“ („Заплетени прсти“) во соработка со И. Брнас и Перо Козомара и Клапа Ришпет.[50] На 14 март 2014, Розга ја издава песната „Okus mentola“ („Вкус на ментол“) којашто станала хит сингл и нејзиното музичко видео има повеќе од 25 милиони прегледи на Јутјуб каналот на пејачката од 2020.[51] Истото лето, ја издала песната „Život je čudo“ („Животот е чудо“) напишана од парот Хуљиќ заедно со музичко видео снимено на плажа и режирано од Дарко Радусин.[52] Песната „Odo' ja“ („Јас отидов“) снимена за саундтракот на популарното телевизиско шоу Kud puklo da puklo била издадена на 6 ноември 2014.[53][54] На 9 декември 2014, Розга ја издава песната „Tsunami“ („Цунами“), сингл којшто станува еден од нејзините најголеми хитови за најкратко време. За 24 часа од издавањето, песната добива повеќе од 400,000 прегледи на Јутјуб, со што станува најгледаното видео на пејачката за еден ден.[55] Од 2021, песната има повеќе од 47 милиони прегледи на Јутјуб, со што станало најгледаното видео на Розга на платформата.[56] Во 2015, изадени се песните „Kraljica“ („Кралица“) на 21 јуни и „Otrov“ („Отров“) на 27 ноември.[57][58] По кратка музичка пауза, Розга ја издава баладата „Udajem se“ („Се венчавам“) како сингл на 16 февруари 2016.[59] На 15 јули 2016, песната „Nasljednik“ („Наследник“) е издадена како летен сингл.[60] Ова е проследено со баладата „Pismo-glava“ на 8 декември 2016 и со насловната песна „Moderna žena“ („Модерна жена“) на 16 декември 2016, заедно со придружните музички видеа режирани од Дарко Дриновац и Дарко Радусин, последователно.[61][62]
Шест години по издавањето на претходните албуми, на 16 декември 2016, Розга го издаба третиот студиски албум Moderna žena преку Croatia Records.[63] Албумот е издаден во формат на двоен диск: првиот диск содржи 6 нови песни и 5 претходно издадени сингла, а вториот диск ги содржи нејзините постари синглови издадени во периодот помеѓу 2011 и 2014.[64] Од првата недела по издавањето, Moderna žena дебитира на врвот на Хрватската Табела за Албуми и останува таму 11 последоателни недели, 17 недели после неговото издавање.[63][65] Само 3 месеци по издавањето, албумот добива златен сертификат и продава повеќе од 5,000 копии.[63] Албумот исто така станува најдобро продаваниот албум на годината во Хрватска во 2017.[13] Номиниран е за Најдобар Поп Албум на Наградите Порин одржани на 17 март 2017.[63] На 16 декември 2016, песната „Prava Koke“ („Вистинска кокета“) за саундтракот на мјузиклот Matilda е издадена преку Dallas Records.[66]
Песната „Žileti“ („Жилети“), напишана од Саша Лазиќ и аранжирана од Аца Крсмановиќ е издадена како трет сингл од албумот на 16 март 2017. Песната добива 210,000 прегледи во еден ден и повеќе од 600,000 прегледи во една недела.[67] На 11 април 2017, Розга го издава последниот сингл од албумот, насловен „Ne pijem, ne pušim“ („Не пијам, не пушам“) заедно со музичко видео режирано од Дарио Радусин и инспирирано од Роберт Палмеровата „Addicted to Love“.[68] Истото лето, таа издала две нови песни; баладата „Rodjena sam“ („Родена сум“), напишана од Роберт Пилепиќ и аранжирана од Перо Козомара во јуни и песната „Svjetla neona“ („Неонски светла“) напишана од дуото Хуљиќ, во јули.[69][70] На 13 ноември 2017, Розга ја извела „Prsten na sto“ („Прстен на маса“) во Лисинскиот театар заедно со црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ.[71]
На 27 март 2018, после турнеја во Австралија, Розга издава сингл насловен „Najbolji dan“ („Најдобар ден“), напишан од Тончи и Вјекослава Хуљиќ заедно со музичко видео режирано од Сандра Михајлевиќ.[72] На 29 мај 2018, Розга се појавува на хрватската радиска станица народни радио (подоцна преименувана во bravo!) каде што настапува во Living Room Acoustic и дава интервју; нејзиниот акустичен медли во живо на песните „Oprosti mala“, „Opijum“ и „S druge strane mjeseca“ има повеќе од 23 милиони прегледи од 2024 година.[73] На 20 јули, истата година, Розга издава уште еден сингл насловен „Uzmem koliko mi daš“ („Земам колку што ми даваш“) напишан од парот Хуљиќ заедно со музичко видео режирано од Дарио Радусин и снимено во Истра.[74]
Во септември, Розга издава уште една песна, насловена „Ostani“ („Остани“) напишана од страна на текстописецот Емина Јаховиќ и продуцирана од Дарко Димитров.[75] Песната и музичкото видео го привлекле вниманието на медиумите поради промената во имиџот и звукот на пејачката.[76] По првите 24 часа од издавањето, песната добила 350,000 прегледи, што е второто најгледано музичко видео на пејачката во првиот ден после „Цунами“ коешто имало 400,000 прегледи во ден. На 29 јануари 2019, Розга ја издала баладата насловена „Moje proljeće“ („Моја пролет“) напишана од Јаховиќ и продуцирана од Дарко Димитров. Истиот ден ја извела песната на Музичката Церемонија од 2019 (MAC) шоуто во Белград.[77] Музичко видео за песната, коешто претставува емотивна Розга како ја пее песната и талка во зимна шума, режирано од Дарио Радусин, било издадено истиот ден. Собрало 2 милиони прегледи на Јутјуб за една недела и добило пофалби од нејзината фан база.[78]
На 28 јануари 2020, Розга ја издала песната „Sveto pismo“ („Свето Писмо“) којашто исто така ја извела на MAC Awards Show во 2020. Песната била напишана од Тончи и Вјекослава Хуљиќ, продукцијата била аранжирана од Дарко Димитров и српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.[79] Наредниот месец, Розга се појавила на македонското шоу Златна бубамара на популарноста, каде што ја добила наградата за најдобра регионална пејачка. Исто така ги извела песните „Sveto Pismo“, „Cirkus", "Ne pijem, ne pušim" и "Dani su bez broja" за време на шоуто.[80] Почнувајќи на 12 април 2020, а завршувајќи на 17 мај 2020, за време на пандемијата поврзана со COVID-19, Розга прикажала седум неделни мини концерти во живо преку Instagram Live и Јутјуб за време на коишто испеала акустични преработки на нејзините песни од нејзината дневна соба.[81]
Кон крајот на 2019, Розга открила дека работи на акустичен албум којшто ќе содржи 17 акустични преработки на нејзините песни со групата Magazin. Инспирацијата за албумот дошла по големата популарност на нејзиниот акустичен медли на настанот во живо на narodni Radio.[82] Албумот бил закажан за издавање во 2020, но поради пандемијата поврзана со COVID-19, Розга открила дека неговото издавање ќе биде одложено за 2021. Така, таа ја избришала сета работа која ја завршила на почеток и почнала да снима одново.[83][84] На 12 ноември 2020, Розга снимила преработка на песната „Kad nema ljubavi“ („Кога нема љубов“) од хрватскиот пејач Илан Кабиљо како дел од проектот Нови Звуци на 90-те.[85] Таа ја имала претходно изведено истата песна помешана со „Sveto pismo“ и преработка на „Najlipše te jubi oni što te gubi“ („Најдобро те љуби тој што те губи“) od Оливер Драгојевиќ во живо во март порано истата година на Golden Studio Awards во 2020.[86] На 7 декември 2020, Розга се појавила на Christmas Living Room на народни радио каде што извела акустична преработка на Петар Грашовата „Fritula“.[87] На 8 декември 2020, Розга се појавила на деветтиот собир на HEP Opskrba каде што имала интервју и извела акустични преработки на пет песни.[88] На 25 декември, на Божиќ, Розга одржала онлајн концерт во живо на Instagram придружена со Милан Терзе на гитара и Карло Дотур на мандолина.[89][90]
На 16 април 2021, како прослава на 25 години поминати во музичката индустрија, Розга соработувала на преработка на „Suze biserne“ со Tonči Huljić & Madre Badessa band за албумот Inamorana (2021) којшто бил издаден преку Croatia Records.[91] Хуљиќ планирал и изјавил дека концепт за музичкото видео за преработката постои.[92] На 5 јуни 2021, Розга извела мешавина од песните на Наташа Беквалац и реаранжирани верзии на песните „Cirkus“ и „Minut' srca tvog“ на шоуто MAC Awards од 2021.[93] Летото 2021, Розга одржала локална турнеја со свирки во неколку градови во Хрватска, Србија, Северна Македонија и Словенија.[94] На 15 декември 2021, песната „Ti i ja“, соработка помеѓу Розга и Саша Матиќ вклучена на студискиот албум Dva života, била издадена заедно со музичко видео.[95] На 18 јануари 2022, Розга се појавила на Ami G show во Белград, каде што дала интервју, извела неколку од своите хит песни и испеала дует со Саша Матиќ на песната „Ti i ja“.[96] На 19 мај, 2022, Розга се појавила на Living Room acoustic на народни каде што ги извела песните „Ne pijem, ne pušim“, „Solo igračica“ и сплет од „Nebo boje moje ljubavi“, „Minut' srca tvog“ и „Ginem“. Исто така дала кратко интервју каде што го објавила својот концерт на Fusion World Music Festival на 19 јули 2022 и еден во Загребачката Арена на 17 декември 2022 кој бил и воведен од нејзината регионална Турнеја „Minut Srca Mog“.[84][97] Турнејата ги посетила сите поголеми градови во регионот, вклучувајќи ги Сплит, Белград, Скопје, Сараево и Љубљана.[98] За кореографијата на Турнејата, Розга го искористила познавањето кое го имала стекнато за време на нејзините часови по балет од детството.[99]
На 15 септември 2022, Розга открила дека насловот на нејзиниот акустичен компилациски албум ќе биде Minut srca mog (мк: „Минута од моето срце“) во сеќавање на нејзиниот сингл од 1996. Два сингла биле издадени од албумот, вклучувајќи ги „Zar je ljubav spala na to“ (мк: „Зарем љубовта се сведе на тоа“) со Матија Цвек во септември 2022[100][101] и „Grizem“ („Гризам“), оригинлано вклучена на вториот студиски албум на Розга Bižuterija била (2011) издадена како вториот сингл од албумот заедно со визуелно видео во режија на Дарио Радусин на 22 октомври.[102] Синглот бил успешен на табелата HR Top 40, радио станицата на државата, каде што се искачил на четвртото место на крајот на неделата на 29 август 2022. Само песната со Цвек била реаранжирана музички, додека остатокот од албумот ги вклучувал песните во оригинална форма, изведени и испеани во живо со додаток на инструменти како жици, француски хармоники и медитерански мандолини.[103]
На 3 ноември за време на интервју со Dalmacija News, Розга го презентирала нејзиниот нов сингл „Samo se ljubit' isplati“ („Се исплаќа само да се љуби“) и објавила музичко видео. Песната била издадена со намерата да ги потсети слушателите на нејзиниот музички стил како главна пејачка на групата Магазин.[104] На 11 ноември, придружно музичко видео за песната ја имало својата премиера на Јутјуб каналот на пејачката.[105] На 14 ноември, Minut Srca Mog бил издаден на Јутјуб и на други платформи за спуштање. Истиот ден, пејачката ја одржала неговата промоција во Загрепскиот Хотел Еспланада, каде што била придружена од нејзини блиски роднини, соработници и пријатели и извела неколку од песните на албумот.[106] На 20 ноември 2022, се појавила на последната вечер на хрватското талент шоу Zvijezde pjevaju „Ѕвездите пејат“ каде што ја извела „Samo se ljubit' isplati“ во живо.[107] На 25 јануари 2023, Розга се појавила заедно со Матиќ на MAC Music Awards од 2023 каде што ја извеле песната „Ti i Ja“ заедно во живо.[108] Во јануари 2023, Розга се појавила на шоуто Cesarica каде што ја извела песната „Samo se ljubit' isplati“ во живо.[109] На 24 март 2023, се појавила на церемонијата за награди 29. Večernjakovoj ruži во Хрватскиот Национален Театар во Загреб, каде што ја извела песната „Oprosti Mala“.[110][111] На 26 јуни 2023, Розга настапила со „Idi ti “ на Мелодиите на Хрватскиот Јадран 2023; ја опишала песната како „омилената“ која Вјекослава ја напишала за неа.[112] На 5 декември, се појавила на концертот на Александра Пријовиќ во Загреб каде што заедно испеале неколку од нејзините песни.[113]
Малку се знае за приватниот живот на Розга и нејзините љубовни врски.[5] Розга често има изјавувано за време на интервјуа дека претпочита да не зборува за својот приватен живот и дека сака повеќе да се фокусира на музиката за време на интервјуата.[1][94] Врската за која Розга најотворено зборувала била таа со Стјепан Хаусер, челистот на хрватскиот бенд 2Cellos. Двајцата се запознале во 2015 и наредната година се вериле.[114][115] Во 2017, врската на верениците завршила по две години.[116] Од 2006, Розга добила дијагноза на хипертироидизам што ѝ предизвикало кожни проблеми, прекумерна замореност и губиток на тежина. Розга добива дневна хормонска терапија на дневна база за нејзиниот проблем.[117] Во 2018, на Розга ѝ била дијагностицирана тахикардија за која добива терапија со бета блокатори.[118] Во 2020, Розга пријавила човек кој ја следел на полицијата, тужејќи го што ја следел од август 2019 до септември 2020.[13][90] За време на интервјуа, Розга во неколку наврати изјавила дека никогаш не пие алкохол и ја чува кожата од сонцето.[119]
За време на интервју со Т-портал во јануари 2017, за време на движењата против абортусот во Хрватска, Розга ги поддржала правата на жените на абортус, изјавувајќи дека тоа е личен избор. За време на истото интервју, таа исто така ја искажала својата поддршка за родовата еднаквост и за припадници на заедницата на ЛГБТ.[120] Во 2013, Розга се појавила на концертот на Горан Бреговиќ во Сараево под насловот Saso Mange на кој биле собрани пари за музичкото образование на припадници на ромската заедница.[121] Во април 2017, учествувала на настан во Загреб, насловен „Gelem, Gelem - World4Them“ за време на кој биле споделени резултатите на проектот насочен кон интеграција на малцинството на ромите во образовниот систем и на заштитата на нивните човекови права.[122] На 21 март 2016, како дел на концерт посветен на светскиот ден на луѓето со Даунов Синдром, Розга учествувала на концерт во Загреб.[123]
За време на нејзината кариера, Розга соработувала со неколку хрватски и интернационални модни и козметички брандови. Од 2015, станала амбасадор на францускиот козметички бренд Garnier во 9 држави во Источна Европа.[124] Истата година, заедно со босанскиот фудбалер Емир Спахиќ, соработувала со кредитен договор на Sberbanke BH.[125] Исто така служела и како промотер на италијанскиот моден бренд Liu Jo, хрватскиот моден бренд ELFS и автомобилскиот бренд SEAT Хрватска.[126][127][128] Во 2020, Розга исто така соработувала со Макс Фактор во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.[129]
Музиката на Розга генерално е класифицирана како поп. Нејзините првични музички албуми биле под големо влијание на медитеранскиот и традиционален музички звук. Музичките проекти од 2010-те наваму инкорпорираат потрадиционални регионални музички стилови, како фолк и турбо-фолк елементи кои исто така можат да бидат класифицирани во жанр насловен како „Хрватски неофолк“.[130] Додека нејзините први два студиски албуми Oprosti Mala и Bižuterija биле поконзистенти кога станува збор за жанрот, нејзиниот трет студиски албум Moderna žena, експериментирал со неколку музички жанрови, вклучувајќи ја мејнстрим музиката, електронска денс музика (ЕДМ), далмациска традиционална музика, поп балади и рап.[63] Розга ја цитирала пејачката на Магазин Љиљана Николовска како нејзината најголема музичка инспирација и главната причина поради којашто се одлучила да започне кариера во музичката индустрија. На Розга ѝ била припишана заслугата за враќање на популарноста на групата Магазин на нивото на коешто била во времето кога Николовска била главната пејачка. Откако Розга се приклучила кон групата, бројот на распродадени концерти исто така се зголемил.[13] Од почетокот на нејзината соло карира, Розга е придружена од бенд којшто се состои само од машки членови за време на нејзините настапи во живо.[83]
Текстовите на песните на Розга, коишто честопати се напишана од Вјекослава Хуљиќ, често се вртат околу женското искуство со љубов, неверство, независност, скршено срце и засилување на жените.[63][83] Текстот на нејзината најпозната песна „Bižuterija“, го опишуваат искуството на незадоволна жена која е оставена од нејзиниот партнер откако била третирана како „бижутерија“.[131] Текстот „žena, majka, kraljica“ („жена, мајка, кралица“) од песната „Bižuterija“ станал слоган меѓу публиката на Балканот, којшто се користи за моќна жена која лесно може да ги реши животните проблеми. Исто така има добиено широка употреба како реченица за поддржување и засилување на жените и како таква исто така била користена во различни продукти на продажба.[13][132]
Покрај нејзината музичка оставина, Розга исто така е препознатлива по својот моден стил којшто вклучува мини фустанчиња и чевли со високи потпетици кои го добиле името „розгици“.[13] Пејачката го опишала нејзиниот приватен модел стил како многу различен од стилот кој го користи во нејзините настапи бидејќи се состои од фармерки и патики.[133] Критичарите често ѝ даваат комплименти на модните стилови на пејачката, коишто ја придружуваат витката става која таа ја има одржано низ годините.[134] Исто така, на неа се гледа како на симбол на елеганција и жива енергија.[12] Музиката и настапите во живо на Розга служеле како инспирација за пејачката Лорена Буќан, која исто така ја нарекла нејзината омилена пејачка во Хрватска.[135] Во мај 2022, Розга постирала видео на Инстаграм заедно со Ларена од двете како ја пејат песната „Tvoja i Gotovo“ („Твоја и готово“).[136]
За време на нејзината соло кариера, Розга има освоено многу награди за нејзините песни и албуми. Во 2011, добила Порин награда во категоријата Хит на годината за песната „Bižuterija“.[137] До раните 2020-те, ја добила Главната Награда на Сплитскиот Фестивал пет пати.[138] Покрај тоа, сите три албуми на Розга добиле златна сертификација од Croatian Phonographic Association .[139][140][141]
Награда | Година | Номинирана работа | Категорија | Резултати | Ref. |
---|---|---|---|---|---|
Порин | 2011 | „Bižuterija“ | Хит на годината | Победник | [137] |
2012 | „Dalmatinka“ (со Connect (band) ) | Номинирана | [142] | ||
2014 | „Nirvana“ | Номинирана | [143] | ||
2012 | Bižuterija | Најдобар Поп Музички Албум | Номинирана | [137] | |
2017 | Moderna žena | Номинирана | [144] | ||
Дора | 1996 | „Aha“ | нема | Второ место (156 поени) | [145] |
2006 | „Ne zovi me Marija“ | 6-то место (19 поени) | [146] | ||
2007 | „Nemam“ | 7-мо место (21 поен) | [147] | ||
Главна Награда - Сплитски Музички Фестивал | 2008 | „Gospe moja“ | Најслушана Песна по Година | Победник | [138] |
2009 | „Daj šta daš“ | Победник | [138] | ||
2010 | „Rodit ću ti 'ćer i sina“ | Победник | [148] | ||
2012 | „Razmažena“ | Победник | [149] | ||
2011 | „Razmažena“ | „Златно едро“ - глас на публиката | Победник | [150] | |
2012 | „Solo igračica“ | „Сребрен галеб“ - глас на публиката | Второ место | [149] | |
Music Awards Ceremony | 2019 | „Uzmem koliko mi daš“ | Поп Песна од Женски Изведувач | Победник | [151] |
2020 | „Moje proljeće“ | Номинирана | [152] | ||
2023 | „Ti i Ja“ | Најдобра Соработка | Победник | [153] | |
„Zar je ljubav spala na to“ | Номинирана | [154] | |||
Златна бубамара на Популарноста | 2020 | Јелена Розга | Најпопуларна Регионална Пејачка | Победник | [80] |
Студиски албуми
|
Компилациски албуми
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.