вид дрво From Wikipedia, the free encyclopedia
Јапонско јаболко или рајско јаболко (латински: Diospyros kaki) е дрвенесто растение од семејството Ebenaceae, познато во целиот свет како каки јаболко. Јапонското јаболко може да расте како повеќе дрвја израснати од истиот корен или како само едно дрво, може да достигнат висина од 7,5 метри. Расте најдобро во области со умерено ладни зими и не премногу топли лета.
Јапонско јаболко | Ботанички детали | ||
---|---|---|---|
Научна класификација | |||
Царство: | |||
(нерангирано): | |||
(нерангирано): | |||
(нерангирано): | Asterids | ||
Ред: | |||
Семејство: | Ebenaceae | ||
Род: | Diospyros | ||
Вид: | D. kaki | ||
Биномна номенклатура | |||
Diospyros kaki L.f. | |||
Синоними | |||
Diospyros chinensis Блум (nom. nud.) Diospyros kaki Carl Linnaeus the Younger |
Јапонското јаболко води потекло од Јапонија, каде дрвјата на ова растение можат да се најдат стари до пет века. Се појавило во Европа во средината на 19 век, и се одгледувало само во Јужна Америка од крајот на 19 век.
Ова дрво дава плодови во секое годишно време, во зависност од видот, како и плодовите кои можат да бидат во форма на обично јаболко, срце, сплескани или долгунести. Исто така, постојат големи разлики во големината и тежината на јапонското каки јаболко - од неколку стотици грама до скоро килограм. Бојата на јапонското каки јаболко, оди од светложолто-портокалова до темнопортокалово-црвена. Целото овошје може да се јаде, освен цветот и семето. Тоа достигнува целосна форма, арома и боја само кон крајот на сезоната на растење, на средината на есента. Плодот има специфична чувствителност на температурни промени и мрзнее на температури под -15 °. Високата концентрација на танините кај незрели плодови обезбедува горчлив вкус, а кога се комбинира со доволна количина на каротиноиди во овошјето, делува како силен антиоксиданс.[1]
Јапонското јаболко е богато со флавоноиди, особено кверцетин, што го прави пожелна состојка во третманот на кардиоваскуларни заболувања. Источната традиционална медицина го користи само јапонското јаболко за да помогне во лекувањето на цревните воспаленија, хемороиди, заболувања на желудникот и црниот дроб. Еден плод од јапонското јаболко содржи 12,6 мг витамин Ц, кое претставува 21% од препорачаната дневна доза на овој витамин.Исто така, плодот од јапонското јаболко има многу растителни влакна и со тоа го намалува нивото на холестерол во крвта и учествува во регулирање на варењето.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.