Јап
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јап (јапски, волеајски, сатавалски, улитиски: Yap или Wa'ab[1]; англиски: Yap) е една од четирите сојузни држави во СД Микронезија. Јап е името главниот остров кој се наоѓа во Каролинските Острови и истото име се користи за посочување на уште три околни острови и поради тоа се нарекуваат Јапски Острови. Јапските Острови се блику еден со друг и се поврзани со корален гребен. Културата и традицијата на Јап е силно врзана со тие на околните острови.[2]
Јап Yap | |||
---|---|---|---|
Острови | |||
| |||
Карта на државата Јап | |||
Карта на островите Јап | |||
Координати: 9°32′N 138°07′E | |||
Држава | СД Микронезија | ||
Површина | |||
• Земјишна | 1,000 км2 (38,7 ми2) | ||
Население (2003) | |||
• Вкупно | 6.300 |
Главен град на Јап е градот Колонија. Колонија е центар на самиот остров Јап, но и на уште 14 атоли кои се распространети на територија од 800 километри источно и јужно. Во Јап има пет службени јазици и тоа: англиски, јапски, волеајски, сатавалски и улитиски јазик. Во 2003 година Јап имал вкупно население од 6,300 жители, а вкупната површина изнесува 102 км2. Јап е познат по камените пари познати како раиски камења.