Тинторето (италиански: Jacopo Robusti Tintoretto; роден како Јакопо Робусти;[1] Венеција крај на септември или на почеток од октомври 1518 година[2]  Венеција, 31 мај 1594 ), италијански сликар, еден од најистакнатите претставници од венецијанската школа и последниот голем уметник од италијанската ренесанса. Неговите современици се восхитувале и ја критикувале брзината со која сликал и на дотогаш невидената умешност во користење на сликарската четка. За неговата енергичност во сликарството го добил прекарот Il Furioso („Бесниот“). Изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз импресионистите.[3],[4]

Кратки факти Тинторето, Роден(а) ...
Тинторето
Thumb
Детаљ од автопортрет
Роден(а)Јакопо Комин
1518
Венеција, Венецијанска Република
Починал(а)31 мај 1594
Венеција, Венецијанска Република
Правецренесанса
Затвори

Живот и дело

Детство

Тинторето е роден во Венеција во 1518 година. Неговиот татко, Батиста, бил бојаџија на текстил (итал: tintore); и оттаму неговиот син го добил прекарот Тинторето, „малиот бојаџија“ или „детето на бојаџијата“.[5] Познато е дека Тинторето имал барем еден брат, по име Доменико, иако неверодостоен извор од 17 век наведува дека имал 22 браќа и сестри.[6] Се смета дека неговото семејството потекнува од Бреша, во Ломбардија, тогаш дел од Република Венеција. Други студии за потеклото на семејството водат до тосканскиот град Лука.

За детството на Тинторето се знае многу малку. Според неговите биографи Карло Ридолфи (1642) и Марко Бошини (1660), Тинторето формално се подучувал само во студиото на Тицијан, кој налутено го отпуштил по само неколку дена - поради љубомора затоа што бил многу перспективен ученик (според Ридолфи) или поради лична нетрпеливост (според Бошини).[7] Оттогаш, меѓу нив имало несрдечен однос, и покрај континуираното восхитување на Тинторето кон Тицијан. Тицијан, од своја страна, отворено го омаловажувал Тинторето и неговите приврзаници.[8]

Неговите биографи пишуваат дека живеел многу скромно. Неговиот секојдневен живот воопшто не наликувал на бучниот и раскошен живот на неговиот постар современик Тицијан или на неговиот пријател Веронезе. Заедно со своето семејство, зел скромен стан во Венеција, кој самиот го насликал.

Први дела

Thumb
Опсада на Азола (1544–45), Национален музеј, Познањ
Thumb
Автопортрет како млад човек, ок.1548

Тинторето често бил во друштво на младиот сликар Андреа Скијавоне, кој бил четири години помлад од него. Тинторето бесплатно му помагал со фрескосликарство, а најчесто работел без да добие надомест.[9] Првите две мурални слики на Тинторето - направени, како и другите, речиси без надомест - се смета дека се Валтазаровата гозба и Борба на коњици. И двете слики исчезнале, како и сите негови фрески. Првото негово дело кое привлекло поголемо внимание бил групен портрет на кој Тинторето е насликан со неговиот брат кој свири на гитара; и ова дело е изгубено. Потоа нацртал слика со историска тематика, која Тицијан искрено ја пофалил.[10]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.