Ѓорѓе Бодиновиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѓорѓе Бодиновиќ бил српски крал на државата Дукља во XI век. Го наследил својот татко Константин Бодин. На престолот на Дукља бил во два наврати: од (1113–1118) и од (1125–1131). За време на неговото владеење се обидел да ја обнови идејата на татко му за обединување на српските земји, но не успеал. Помеѓу првото и второто владење на Ѓорѓе со Дукља управувал Грубеша Бранисављевиќ, братучед на големиот рашки жупан Урош I, кој бил наклонет на Византија. Откако народот го соборил Грубеша и го вратил Ѓорѓе на престолот, византискиот император Јован Комнен ги нападнал српските области, ја освоил Рашка и заробил многу Срби кои подоцна ги населилил дури во Азија. Подоцна Урош ја признал византиската власт и како резултат на тоа, византиската војска набрзо го скршила отпорот на Ѓорѓе Бодиновиќ, го заробила и го однела во заточеништво во Константинопол.[1] [2]