Лачна минута
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лачна минута или аголна минута (лм, анг. MOA) — единица мерка за агол, еднаква на една шеесеттина ( 1⁄60) степен. Лачната секунда пак, претставува една шеесеттина ( 1⁄60) од лачната минута. Ова не се SI-единици, но се прифаќаат при пресметки кајшто фигурираат единиците на SI.[1]
Лачна минута | |
---|---|
Приказ на големина на лачна минута (не во сразмер). Стандардна фудбалска топка со пречник од 22 см зафаќа агол од 1 лачна минута на приближно растојание од 756 м. | |
Информации за мерката | |
Единица за | агол |
Ознака | ′ or arcmin |
Бидејќи еден степен е една триста и шеесеттинка ( 1⁄360) од кружницата, 1 лачна минута изнесува 1⁄21.600 од истото. Наоѓа примена во областите што бараат прецизно изразување на мали агли, како што се астрономијата, морепловството и стрелаштвото.
Бројот на квадратни лачни минути во една сфера е
или околу 148.510.660,498 квадратни лачни минути.
Лачната асекунда изнесува 1⁄3.600 од еден степен, 1⁄1.296.000 од кружницата или ( π⁄648.000) радијани, што е приближно на 1⁄206.265 радијан.
За изразување на уште помали агли се користат стандардните SI-претставки. Меѓу другото, во астрономијата се среќава лачна милисекунда, со кратенка млс (mas).