Хеликоптер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хеликоптер или вртолет — вид летало што се крева и спушта со помош на вртечки перки. Тие му овозможуваат на хеликоптерот да полета и да слета вертикално, да лебди и да лета нанапред, наназад и странично. Овие атрибути им овозможуваат на хеликоптерите да бидат користени во тешко достапни и изолирани места. Хеликоптерите се класифицирани како авиони со вртежни крила, за разлика од класичните авиони со фиксни крила. Зборот „хеликоптер“ е настанат од старогрчките зборови „хеликс“ (спирала) и „птерон“ (крило). Хеликоптерот е еден вид rotorcraft, коjшто е подвид на авионите.