Тилери (дворец)
кралски дворец во центарот на Париз / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тилери (француски: Palais des Tuileries — некогашен дворец во ценатрот на Париз чија изградба започнала во 1564 г. на барање на Катерина де Медичи, на местото каде порано стоела една од трите циглани изградени во 1372 г, и кои се наоѓале пред Лувр. Зголемувана со тек на подоцнежните кралски владеења, располагала со огромна фасада (долга 266 м) и станала кралска резиденција на многу кралеви (Анри IV, Луј XIV, Луј XVI и воедно на Луј XVIII), а потоа и царска резиденција на (Наполеон I и на Наполеон III) сè до нејзиното уништување од пожар во мај 1871. Урнатините биле расчистени во 1883