Тенк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тенк — гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судар со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и поддршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.
Тенк | |
---|---|
Американски тенкисти во Ирак | |
Тип | Гасенично оклопно борбено возило |
Потекло | Велика Британија, Франција |
Употребна историја | |
Во служба | 1916— |
Војни | I С.В.— |
Тех. особености (typical) | |
Оклоп | вооружено возило со челичен оклоп |
Главно наоружување | големокалибарски топ |
Помошно наоружување | противпешадиски и противоздужни топови и митралези |
Погон | нафтен |
Амортизација | гасеници за недостапен терен |
Работен дострел | 400 — 600 км |
Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.
И покрај тоа што се скапи за производство и тешки за поддршка, тенковите се вбројуваат меѓу најдопадливите и најразноликите оружја на модерното бојно поле, поради нивната способност да се борат против други копнени сили (вклучувајќи и утврдувања) како и поради шок-ефектот кој го имаат кај непријателската пешадија. Тенковите и оклопната тактика поминале низ неколку еволуции во времето од нивното појавување до денес.