Престолнина на модата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Моден град е градот каде што модната индустрија има релевантна и значајна позиција во локалната економија. Производството и извозот на добра, како и модните настани - модни недели, саеми и доделување на награди, ја подобруваат економијата и го покажуваат годишниот приход и позитивно влијае на другите сектори, како на пример секторот за услуги. Покрај економската моќ, во модниот град има активна забава и културна сцена кои ги привлекуваат туристите и потрошувашите, не само поради модата, туку и поради разновидноста на слободните активности. Модниот град треба да биде предмет на инспирација за професионалците кои живеат таму, со активна, јасна, силна и единствена субкултура од која можат да се инспирираат на само професионалците во модата, туку и луѓето во градот претворајќи го уличниот стил и уличната култура во важна одлика. Мешањето на модата, бизнисот, забавата, културата и слободните активности го прават градот привлечен и меѓународно признат како моден центар со свој единствен и силен идентитет, разликувајќи се во одредени одлики.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |