Оружје
секој предмет кој служи за повредување, убивање или онеспособување на човечки или други живи суштества / From Wikipedia, the free encyclopedia
Оружје претставува секој предмет кој служи за повредување, убивање или онеспособување на човечки или други живи суштества, односно за уништување и онеспособување други предмети или материјални добра поврзани со одредени луѓе или општества. Оружјето служи како за напад така и за одбрана, односно во случај на закани и заштити. Во поширока смисла, секое средство (па и психолошко) со кое некому намерно се нанесува повреда или штета се нарекува оружје.