Мозелфранконски дијалекти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мозелфранконските дијалекти е група западни средногермански дијалекти, дел од среднофранконската јазична област.
Кратки факти Мозелфранконски, Застапен во ...
Мозелфранконски | |
---|---|
Застапен во | Германија, Франција, Белгија |
Подрачје | Северна Рајна-Вестфалија, Рајнска област-Пфалц, Сар, Лорена, Лиеж |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | de |
ISO 639-2 | gem |
ISO 639-3 | – |
Затвори
Наречјето е присутно во јужниот дел на Рајнската област и покрај реката Мозел, од областа Зигерланд во Северна Рајна-Вестфалија, ширум Рајнската област-Пфалц и Сар, јужниот дел на германската заедница во Белгија па сè до соседниот француски депарман Мозел и трансилваниската област на Романија, пред сè заради големите преселби на т.н. „трансилваниски Саксонци“ помеѓу 1100 и 1300 г., главно од подрачјата кајшто тогаш се говорел мозелфранконскиот говор.