Лезбиски феминизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лезбиски феминизам — стојалиште дека жени кои заемно се посветени на политичка, сексуална и економска поддршка, овозможуваат алтернативен модел на постоечките машко/женски односи кои лезбијките ги гледаат како угнетувачки. Тие тврдат дека лезбејскиот феминизам вклучува и сексуална преференција и политички избор, бидејќи ги одбива машките дефиниции на животите на жените. Со исказот - „феминизмот е теорија, лезбиството е практика”, лезбискиот феминизам станува примарна сила во радикалната женска култура. Лезбискиот феминизам ги напаѓа и институциите на хетеросексуалноста како центри на патријархатот. Лезбијките се радикали на феминистичкото движење, бидејќи само тие можат да мислат радикално за социјалните промени и родови договори поради нивната ослободеност од конвенционалната хетеросексуалност.[1]