Витрувиев човек
слика на Леонардо да Винчи / From Wikipedia, the free encyclopedia
Витрувиев човек е позната скица, изработена од Леонардо да Винчи, околу 1490 година во еден од неговите дневници. На сликата е прикажана гола машка фигура во две варијанти со раздолжени раце и нозе, впишани во круг и квадрат. Сликата и текстот многу често се нарекуваат Канон за пропорциите или Човечки пропорции и се засноваат на трудот на прочуениот римски архитект и писател Витрувиј. Сликата е изложена во Галеријата на академијата во Венеција, Италија.