1917 (филм)
филм на Сем Мендес од 2019 г. / From Wikipedia, the free encyclopedia
„1917“ — филм на режисерот Сем Мендес (Sam Mendes) од 2019 година. Мендес е автор и на сценариото, заедно со Кристи Вилсон-Кернс (Krysty Wilson-Cairns). Главните улоги ги играат: Џорџ Меки (George Mackay), Дин-Чарлс Чепмен (Dean-Charles Chapman), Марк Стронг (Mark Strong), Ендрју Скот (Andrew Scott) и Ричард Маден (Richard Madden). Во 2020 година, филмот ја освоил наградата „Оскар“ во следниве категории: најдобра фотографија (Роџер Дикинс), најдобри визуелни ефекти (Гијом Рошерон, Грег Батлер и Доминик Туи) и најдобро мешање на звукот (Марк Тејлор и Стјуарт Вилсон). Исто така, филмот е добитник на наградата БАФТА во категориите: најдобар режисер, најдобар филм, британски филм на годината, најдобра фотографија, како и добитник на наградата „Златен глобус“ за најдобар игрна филм и за најдобар режисер.[1]