14 век
век / From Wikipedia, the free encyclopedia
14 век — век кој траел од 1 јануари 1301 до 31 декември 1400 година, според грегоријанскиот календар.
Политичките и природните катастрофи ја опустошиле Европа заедно со нападите на Монголското Царство. Во текот на овој век во Персија се распаднал Илханатот, Чагатајскиот Ханат се растурил и распаднал на два дела, а Златната Орда ја изгубила својата позиција како голема сила во Источна Европа.
Во Европа, црната смрт зела помеѓу 75 и 200 милиони животи, додека Англија и Франција се бореле во долготрајната Стогодишна војна.