Чапја говедарка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чапјата говедарка (Bubulcus ibis) е космополитска птица од семејството чапји. Живее во тропски, суптропски и умерени подрачја. Таа е единствен припадник на монотипичниот род Bubulcus. Порано населувала само некои делови на Азија, Африка и Европа, но денес е проширена низ целиот свет. Ја има и во Македонија.
Чапја говедерка | |
---|---|
Возрасна единка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Штрковидни |
Семејство: | Чапји |
Род: | Bubulcus Bonaparte, 1855 |
Вид: | Чапја говедарка |
Научен назив | |
Bubulcus ibis (Карл Лине, 1758) | |
Подвидови | |
B. i. ibis (Linnaeus, 1758) | |
Распространетост жолто: размножување зелено: цела година сино: презимување | |
Синоними | |
Ardea ibis Linnaeus, 1758 |
Чапјата говедарка е набиена бела птица, со кремкасто перје во сезоната на парење. Се гнездат во колонии, близу вода и често заедно со други мочварни птици. Гнездото претставува платформа од гранки на дрво или на грмушки. За разлика од другите чапји, се храни на релативно суви тревнати пространства и често ги прати говедата или други големи цицачи, јадејќи ги инсектите што говедата ќе ги исплашат. Овие чапји се корисни, бидејќи се хранат со крлежите од говедата, но може да биде и пренесувач на некои болести поврзани со крлежите. Зависно од местото на живеење, чапјата говедарка е птица преселница, или, пак, е постојан жител.