From Wikipedia, the free encyclopedia
Шарл Ролен (30 јануари 1661 – 14 декември 1741 ) — француски историчар и просветител, кој бил доста популарен во своето време, но подоцна бил заборавен.[1]
Шарл Ролен | |
---|---|
гравура на Шарл Ролен од книгата Древната историја | |
Роден/а | 30 јануари 1661
Париз, Франција |
Починат/а | 14 декември 1741
Париз, Франција |
Занимање | историчар, просветител |
Националност | французин |
Ролен бил син на мајстор за кујнски прибор, а на 22 години дипломирал на универзитетот Сорбона. Во 1694 бил поставен за ректор на универзитетот, а освен обавување на таа должност, го проучувал и грчкиот јазик. На функцијата останал две години, а во 1699 бил назначен за директор на колеџот Бове. Ролен застапувал јансенистички ставови, а ги бранел и наводните чуда кои сметал дека биле дело на теологот Франсоа де Пари. За жал, поради неговите религиозни ставови му биле одземени овластувањата и го разрешиле од местото директор, но повторно бил назначен во 1719. Се смета дека поради истата причина не бил избран за член на француската академија. Кратко пред неговата смрт се изјаснил против папската була Unigenitus.
Книжевното творештво на Ролен датира од подоцнежниот период во неговиот живот, кога му било забрането да предава. Неговата 12–томна Древна историја (1730–38) се сметала за дело без цврсти историски докази, некритична и малку неточна. Но следните генерации се заинтересирале за книгата и ја проучувале. Друго негово важно дело е Traité des études (1726–31) во кое е резимирано како би требало да се реформира образовниот систем, отфрлајќи ги средновековните традиции кои се задржале во Франција, нагласувајќи го значењето на националната историја и намалувајќи го обемот на латински јазик во учебниците. Ролен почнал да пишува книги откако наполнил 60 години.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.