Чуетел Еџиофор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чуетел Еџиофор,[2] ЗБИ, (/ˈtʃuːwɨtɛl ˈɛdʒi.oʊfɔr/;[3] роден на 10 јули 1977 г.)[2][4] — англиски глумец.[5]
Чуетел Еџиофор ЗБИ[1] | |
---|---|
Еџиофор на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2016 година | |
Роден(а) | 10 јули 1977(1977-07-10) (46 г.) Лондон, Англија |
Живеалиште | Лос Анџелес, САД |
Националност | Британец |
Занимање | Глумец |
Активен период | 1995–сè уште |
По запишувањето на националниот младински театар во 1995 година, и добивањето на стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметност, на 19-годишна возраст и поминати три месечни студии, Еџиофор бил избран од Стивен Спилберг да глуми споредна улога во филмот Амистад.[6]
Еџиофор е познат по улогите на Окве во Валкани слатки работи (2002), оперативецот во Серенити: Борба за иднина (2005), Лола во Откачени чизми (2005), Лук во Потомци (2006), Д-р. Адријан Хелмсли во 2012 (2009) и Д-р. Винсент Капур во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Тој го играл Соломон Нортуп во 12 години роб (2013), улога за која добил номинации за Оскар и Златен глобус, како и БАФТА награда за најдобар глумец. Во 2014 година тој бил номиниран за Еми награда за неговата изведба во серијата Играјќи на работ.[7]
Еџиофор е добитник на бројни награди и номинации за глума, вклучувајќи ги наградата БАФТА идна ѕвезда во 2006 година, пет номинации за Златен глобус, и театарската награда Лоренс Оливије за најдобар глумец за неговата изведба во Отело во 2008 година. Истата година, тој бил назначен за офицер на Редот на Британската Империја од Кралицата Елизабета II за придонеси кон уметноста.[8] Тој бил унапреден на заповедник во 2015 година.[9]