Хипокалемија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хипокалемија е ниско ниво на калиум (K+) во крвниот серум.[1] Умерено ниски нивоа на калиум вообичаено не предизвикуваат симптоми.[2] Симптомите може да вклучуваат чувство на замор, грчеви во нозете, слабост и констипација.[1] Ниското ниво на калиум исто така го зголемува ризикот од абнормален срцев ритам, кој често е премногу бавен и може да предизвика кардијален застој.[1][2]
Хипокалемија | |
---|---|
ЕКГ на пациент со серумска концентрација на калиум од 1.1 meq/l. | |
Специјалност | Интензивна медицина |
Компликации | Кардијален застој[1] |
Причинители | Дијареа, лекови како фуросемид и стероиди, дијализа, дијабетес инсипидус, хипералдостеронизам, хипомагнеземија, недоволен внес преку исхраната[1] |
Причини за хипокалемија се повраќање, дијареја, лекови како фуросемид и стероиди, дијализа, дијабетес инсипидус, хипералдостеронизам, хипомагнеземија, и недоволен внес со исхраната.[1] Нормалните нивоа на калиум се движат помеѓу 3,5 и 5,0 mmol/L (3,5 и 5,0 mEq/L), додека нивоа под 3.5 mmol/L се дефинираат како хипокалемија.[1][3] Состојбата се класифицира како сериозна кога нивоата на калиум се пониски од 2,5 mmol/L.[1] Ниско ниво на калиум може да биде суспектно врз основа на електрокардиограм (ЕКГ).[1]