Хилперик II (крал на Франките)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хилперик II — крал на Франките од Неустрија и Бургундија од 715 до 719 потоа на сите Франки од 719 до 721.
Хилперик II | |
---|---|
Крал на Франките | |
Грамота на Хилперик за опатијата Сен Дени | |
На престол | 719-721 |
Претходник | Хлотар IV (Обединување на сите франкиски кралства) |
Наследник | Теодорих IV |
Династија | Меровинзи |
Татко | Хилдерик II или Хилдеберт IV ? |
Роден околу 671, ниеден современ извор не назначува ништо во врска со неговото потекло. Ако се прифати дека потекнува од меровиншката лоза, тогаш треба да се гледа или како помлад син на Хилдеберт IV [1] или како син на Хилдерик II [2],[3],. Ако ја следиме втората хипотеза, по смртта на татко му, на мајка му и на другите кралски деца во 675, тој тогаш веројатно побегнал и се скрил кај својата баба Батилда, тогаш калуѓерка во Шел иако тогаш имал само пет години [4]
По смртта на Дагоберт III, тој излегол од некој манастир[5] и е избран за крал од страна на Неустријците кои се бунтувале против регентството на Плектруда, вдовица на мајордомот на Австразија Пипин Хересталски. Тој е потоа крунисан од страна на мајордомот Раганфред под името Хилперик[6]. За да раскрсти со хегемонијата на Пипинидите, Хилперик и неговиот мајордом Раганфред влегле во сојуз со војводата Радбод. Но во 716, тој бил поразен од војската на Карло, незаконскиот син на Пипин Хересталски. Ова му овозможило на Карло да ја тргне Плектруда од власта и да се прогласи за единствен водач на Франките од Австразија.
Потоа Карло ги свртел своите војски кон Неустрија, и ги победил Хилперик и Раганфред во Винши во 717. Карло поставил потоа друг крал, Хлотар IV во Австразија за да ја оправда својата војна што ја почнал против кралот Хилперик. НоРаганфред не се откажувал. Во 718, стапил во сојуз со моќниот војвода Одо Аквитански. Карло тогаш пак тргнал на воен поход против своите непријатели. Одо, во паника, се вратил во својата земја заедно со кралот Хилперик.
Во 719, по смртта на кралот Хлотар, војводата Одо Аквитански го испратил Хилперик кај Карло за да бара негова прошка бидејќи се бунтувал. Хилперик тогаш бил прогласен за крал на сите Франки. Тој умрел во кралскиот дворец во Ноајон[7] во 721.
Во тек на своето владеење, Хилперик на 29 декември 716 направил указ за потврда на заштитните привилегии поради потекло во опатијата Сен-Дени.
Меѓу 719 и 720, во тек на неговиот престој во дворецот на војводата од Аквитанија во Тулуза[8], Хилперик преку своите канцелари издал еден едикт (Edictum), кој бил вметнат во продолжение на салискиот закон. Член 3 од овој едикт се менува франкиското право на наследство давајќи им ја можноста на жените да го наследуваат татковиот имот, односно земја [9].