Фригија
древно кралство во Анадолија, денешна Турција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фригија (старогрчки: Φρυγία) ― древно кралство во средишниот дел од Анадолија, околу долината на реката Сангарис . Откако била освоена, Фригија станала регион на големите царства од тоа време.
Фригија | |
---|---|
Древно кралство во Анадолија | |
Местоположба | Средна Анадолија, Турција |
Јазик | Фригиски |
Државата постоела | Доминантно кралство во Мала Азија од околу 1200 до 700 година п.н.е |
Главен Град | Гордион (денешен Јасијик во Турција) |
Легендите раскажуваат за неколку познати фригиски кралеви:
- Гордиј, чиј Гордиев јазол подоцна го пресекол Александар Македонски
- Мида, кој сѐ што ќе допрел претворал во злато
- Мигдон, кој војувал со Амазонките
Според Хомеровата Илијада, Фригијците учествувале во Тројанската војна како сојузници на Тројанците во борбата против Ахајците. Фригиската моќ го достигнала својот врв кон крајот на 8-миот век п.н.е. за време на еден друг, историски, крал Мида, кој владеел со поголемиот дел од западна и централна Анадолија и се спротивставил на Асирија и Урарту за превласт во источна Анадолија. Овој подоцнежен Мида, бил последен независен крал на Фригија. Околу 695 г. п.н.е. Кимерите ја ограбиле фригиската престолнина, Гордиум. Фригија потоа била освоена од Лидија, а по неа и од Персија, Македонија, Пергамон, Римското и Византиското Царство. Во византиско време Фригијците станале христијани и се асимилирале во византиската држава; по турското освојување на византиска Анадолија, името „Фригија“ повеќе не се употребувало како име на територија.