Фотографија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фотографија (светлопис) ― уметност, наука и практика на создавање на долготрајни слики со снимање на светлина или други електромагнетни зрачења, или хемиски, со помош на материјали чувствителни на светлината, како што е фотографски филм, или по електронски пат со помош на сензорот за слика. Типично, леќата се користи за да ја фокусира одбиената или испуштената светлина, од предмети во вистинска слика, на површина чувствителна на светлина во внатрешноста на фотоапаратот, за време на експонажата. Резултатот во електронскиот сензор за слика е електрично полнење на секој пиксел, кој електронски се обработува и се чува во една податотека за дигитална слика, за следниот приказ или обработка.
Фотографската емулзија резултира со неразвиена слика која не е видлива, и која подоцна е хемиски развиена во видлива слика, или во негатив или во позитив, во зависност од намената на фотографскиот материјал и начинот на обработка. Традиционално, негативната слика на филмот, се користи за да се создаде позитивна слика по фотографски пат, на хартија наменета за правење фотографии и ова е познато како,развивање на фотографија.Исто така, равивањето на фотографијата може да се постигне со користење на апарат за зголемување или преку филм за фотоапарат. Фотографијата има многу намени во бизнисот, науката, производството (на пр. фотолитографска), уметност, за рекреативни цели, и за масовната комуникација.