Флоренс Најтингел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Флоренс Најтингел (англиски: Florence Nightingale; 12 мај 1820 — 13 август 1910 ) — позната англиска медицинска сестра, социјален реформатор, писател и статистичар.
Флоренс Најтингел Florence Nightingale | |
---|---|
Роден | 12 мај 1820(1820-05-12) Фиренца, Големо Војводство Тоскана |
Починал | 13 август 1910(1910-08-13) (возр. 90) Парк Лејн, Лондон, Велика Британија |
Познат(а) по | предводник на професијата медицинска сестра |
Награди | Кралски црвен крст (1883) Орден за заслуги (1907) |
Потпис |
Во својата работа како предводник на денешната професија медицинска сестра се истакнала за време на Кримската војна, каде што се грижела за ранетите војници. Поради неа оваа професија доби висок углед и Најтингел стана икона во викторијанското општество. Била нарекувана „Госпоѓата со ламбата“, поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.
Најтингел ја поставила основата на денешната професија медицинска сестра со основањето на нејзиното училиште за медицински сестри во болницата Сент Томас во Лондон, првото световно училиште за медицински сестри во светот. Заклетвата на Најтингел, наречена така во нејзина чест, ја положувале новите медицински сестри. Меѓународниот ден на медицинските сестри се слави во светот секоја година на нејзиниот роденден. Нејзините социјални реформи вклучуваат подобрување на здравството за сите делови од британското општество, помагање на земјите од вториот и третиот свет, како и проширување на прифатливите форми на учество на жените во работната сила.
Најтингел била познат и версатилен писател. Во текот на нејзиниот живот, многу од нејзините објавени дела се занимавале со ширење на медицинското знаење. Некои од нејзините дела се напишани на едноставен англиски јазик со цел сите да можат да ги разберат. Таа исто така помогна во промовирањето на графичкото претставување на статистички податоци. Голем дел од нејзиното пишување, вклучувајќи ги и делата за религијата и мистицизмот, е објавено посмртно.