Том Харди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Едвард Томас "Том" Харди [1] (роден на 15 септември 1977 г.)[2] — англиски глумец, сценарист и продуцент.
Том Харди | |
---|---|
Харди на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2014 година | |
Роден(а) | Едвард Томас Харди 15 септември 1977(1977-09-15) (46 г.) Лондон, Англија |
Живеалиште | Лондон, Англија |
Занимање |
|
Сопружник | Сара Вард (в. 1999; раз. 2004) Шарлот Рајли (в. 2014) |
Партнер | Рејчел Спид (2004–2009) |
Деца | 2 |
Првата филмска улога тој ја добил во акциониот филм Падот на црниот јастреб (2001). Други значајни филмски улоги Харди толкувал во научно-фантастичниот филм Ѕвездени патеки: Немезис (2002), криминалниот филм Рокенрола (2008), биографско-психолошката драма Бронсон (2008), научно-фантастичниот трилер Почеток (2010), спортската драма Војник (2011), шпионскиот филм Мислител, кројач, војник, шпион (2011), криминалната драма Без закон (2012), драмата Опасен повик (2013), криминалната драма Валкана испорака (2014), и во биографскиот вестерн-трилер Повратник (2015), за кој бил номиниран за Оскар за најдобар спореден глумец. Тој исто така го глумел Бејн во суперхеројскиот филм Подемот на мрачниот витез (2012), "Лудиот" Макс Рокатански во пост-апокалиптичниот филм Лудиот Макс: Пат на бесот (2015), и браќата Креј во криминалниот трилер Легенда (2015).
Телевизиски улоги Харди играл во минисериите Браќа по оружје (2001), Кралица девица (2005), Оркански височини (2008), Преземање (2009), како и во британската криминално-историска ТВ серија Пики Блајндерс (2013).
Харди исто така глумел во британски и американски театарски претстави. Тој бил номиниран за наградата Лоренс Оливије во 2003 година за најдобар новајлија за неговата улога на Сканк во претставата Во Арабија сите ние би биле кралеви, а бил награден со наградата Ивнинг Стандард за најдобар новајлија за неговите изведби во Во Арабија сите ние би биле кралеви и за улогата на Лука во Крв. Во 2007 година тој глумел во претставата Човек со убави манири и добил позитивни критики за неговата изведба во претставата Долга црвена патека режирана од Филип Сејмур Хофман во 2010 година.