Темплари
христијански витешки ред / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ред на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, попознат како Ред на витезите Темплари или Храмовници (еднина: храмовник — Templar) — витешки ред основан околу 1119 година во Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во средновековието. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале сѐ до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна — што е и каде се чува Светиот грал.