Список на градови во Грција
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Она според што е позната Грција е големата концентрираност на населението во двете најголеми градски подрачја во земјата, т.н. Голема Атина и Голем Солун каде, според проценките, живее 1/2 од населението во земјата.
Националното биро за статистика на Грција (Εθνική Στατιστική Υπηρεσία Ελλάδος) видот на населените места го дефинира според бројот на жителите. Сите населби со население над 10 илјади жители се третираат како град (Πόλη), меѓу 9.999 и 2.000 жители како мал град (Κωμόπολη) и под 2.000 жители како село (Χωριό).
Во грчкиот јазик градот се нарекува полис или поли (грч. Πόλη). Со поимот метрополис или митрополи (грч. μητρόπολη) се означуваат големите градови, како Атина или Солун.