Соленост
застапеност на сол растворена во една водна површина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Соленост — степен или количеството на сол што е растворено во вода. Ова обично се мери во промили или илјадити дел од мерната единица, како и во практични единици на соленост (ПЕС). Соленоста е важен фактор во одлучувањето на многу аспекти на хемијата на природните води и биолошките процеси во рамки на водата, и е термодинамички променлива, заедно со температурата и притисокот, ги отсликуваат одликите како густината и топлинскиот капацитет на водата.