Сказна за рибарот и рипката
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Сказна за рибарот и рипката“ (руски: [Сказка о рыбаке и рыбке] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help), Skazka o rybake i rybke) е бајка во стихови на Александар Пушкин. Пушкин ја напишал во текот на есента 1833 година за време на неговиот престој во Болдино, а првпат била отпечатена во списанието за книжевност „Библиотека за читање“ во мај 1835 година. Кога ја завршил сказната, Пушкин покрај неа ја ставил следнава забелешка: „14 окт. 1833, Болдино, 18. српска песна“, очигледно планирајќи да ја додаде кон другите 16 песни од збирката „Песните на западните Словени“, заедно со „делот од „Хасанагиница“ (која ја сметал за 17. песна).[1] Приказната зборува за рибарот кој фатил „златна рипка“ и која му ветила дека ќе му исполни каква било желба ако ја ослободи. Натаму, приказната тече слично на руската бајка „Алчната старица“ и бајката на Браќата Грим „Рибарот и неговата жена“.