Семрежна игра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Семрежна игра (наречена и „онлајн игра“, од англиски: online game) — игра што се игра преку сметачка мрежа, најчесто преку семрежјето. Проширувањето на популарноста на овие игри е еден од главните фактори за популарноста на семрежјето насекаде низ светот и сè поголемата достапност. Многу семрежни игри се популарни заради комуникативноста, што ги прави многу поинтересни и позабавни од самостојните игри. Некои игри имаат и свои семрежни заедници.