Свила
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свила или коприна[1] — природно белковинско влакно, што може да биде исткаено во текстил. Најпознатиот тип на свила се добива од чаури, кожурци и ларви на свилената буба (Bombyx mori), кои се одгледувани во заробеништво. Свилата има сјаен изглед, заради кој е и ценета, а кој потекнува од триаголната структура, ѝ овозможува на свилената ткаенина да ја прекршува светлината од различни агли.
Свилата ја прават и неколку други инсекти, ама единствено свилата од гасениците од пеперутки се користи во текстилното производство. Истражувани се и други свили кои се разликуваат на молекуларно ниво. Свилата главно се произведува од ларви на инсекти кои завршуваат со метаморфоза. Производството на свила е посебно вообичаена кај Хименоптерите (пчели, оси и мравки) и некогаш ја користат за правење гнезда. Други видови на Артроподи прават свила, најчесто разни Аракниди како што се пајаците.