Росиште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Росиште или точка на оросување — температура до која влажниот воздух мора да се олади (100% релативна влажност на воздухот), при постојан притисок, за да започне кондензацијата на водата. Оваа температура може да се постигне со ладење на воздухот до заситување со непроменета количина на водена пареа. Тогаш стварниот притисок на водената пареа станува еднаков на рамнотежниот притисок. При температура на точката на оросување или пониска температура, капките вода се создаваат со кондензација, на растенијата се појавува роса или слана, во зависност од тоа дали температурата на точката на оросување е повисока или пониска од 0 °C.
Температурата на росиштето е поврзана со влажноста на воздухот. Високата релативна влажност покажува дека температурата на росиштето е многу блиску. Релативна влажност од 100% покажува дека температурата на росиштето е еднаква на стварната температура и дека воздухот е максимално заситен со водена пареа.[1]
Температурата на росиштето е важна во воздухопловството, бидејќи пилотот може да пресмета кога ќе се појави мраз или магла на карбураторот и приближно може да ја пресмета висината на облаците.